Повеќево од овие типови na програми за шах, јас барем колку што знам (мислам на оние подобрите), функционираат на база на „веќе внесени потези“. Значи има милиони комбинации веќе внесено во програмата и компјутерот само пресметува процентуално колкави шанси има со тој потег да ти земе фигура или претпоставува што би се случило во наредните неколку потези, па процентуално пресметува со кои потези му се шансите поголеми да те победи, и ги прави тие потези.
Знам дека вака учевме (во средно, чисто колку за информација нешто ни кажуваше професорот по автоматика), сега како се изведуваат овие машини, не знам, можеби е сменет принципот со порастот на брзината на CPU-ата, или нешто слично, па сега не е потребна база, само пресметува комбинации и пермутации, можеби сега така се решаваат работите, кој знае.
Треба да се разгледа ова, треба да се види на Wiki, сигурно пишува нешто за ова, можно е и да има повеќе начини за градење на овој тип на машини
. Можеби и навистина може да се изведе со еден микроконтролер
.