Смешна ситуација, не е баш цитат, ама смешно е
.
Хороскопски знаци заглавени во лифтРАК: Што му стана?
БЛИЗНАЦИ: Опаа, заглавивме!
ЛАВ: Ама ајде, комшија што зборувате! Случајно застана.
ДЕВИЦА: Леле, кај најде баш сега!
ОВЕН: Да видиме во што е работата (ги притиска копчињата).
СКОРПИЈА: Еј, комшија немојте толку силно!
ОВЕН: Ама ајде! Мислите дека е подобро да седиме и да чекаме?
ВАГА: Комшија, смирете се! Не е време за расправија!
ДЕВИЦА: Тоа што сме заглавени – никому ништо. Знаете ли колку работа ме чека?
ЈАРЕЦ: Сите ние имаме некакви обврски, но наместо да паничиме, ајде да го направиме тоа што треба!
ВОДОЛИЈА: Така е. Мора да постои дежурен мајстор. Комшија, притиснете го црвеното копче, ве молам.
БЛИЗНАЦИ: Се разбира. Не реагира. Опаа, ќе биде весело!
РИБИ: Види го ти него! Нему му е дури интересно!
СТРЕЛЕЦ: Зошто да не? Нема белки да плачеме?
ЛАВ: Слушајте ме добро! Како прво, дали некој од вас има некаков алат?
ВОДОЛИЈА: Еве јас, но сè уште не можам да видам што е најдобро да се направи.
БИК: Не би сакал да се шегувам со ова. Ова е лифт, а ние сме сто метри над земјата.
ОВЕН: Ајде де! Мислите дека цела ноќ ќе седам тука? Ако не сака со убаво, тогаш со лошо (почнува да ја шутира вратата).
ВАГА: Комшија, смирете се! Тоа не смеете да го правите, опасно е!
СКОРПИЈА: Ма пуштете го! Гледате дека му фали некоја даска во главата.
ОВЕН: Слушај ти битанго една! Ако сакаш да разговараш со мене, треба да се однесуваш со почит кон попаметен од себе.
СКОРПИЈА: Со тебе можам да поприкажам и на еден посебен начин, а ако сакаш, можеме и овде во лифтов.
ЛАВ: Господа, не дозволувам такво однесување! Јас ја превземам работата во свои раце и сака убаво да ме сослушате. Прво, смирете се!
РАК: Како да се смириме? Еве, веќе половина час стоиме овде беспомошни.
ДЕВИЦА: Така е! Не сме ни свесни што с еможе да ни се случи.
СКОРПИЈА: Вие правете што сакате, јас повеќе не можам да издржам. Морам да запалам цигара.
РАК: Леле, немојте! Ќе се задушиме човече!
ДЕВИЦА: Побарајте го отворот за вентилација, овде веќе не може да се дише!
ОВЕН: Ајде да пробам уште еднаш!
СИТЕ ОСВЕН СТРЕЛЕЦ: Не!
СТРЕЛЕЦ: Се согласувам со комшијата Овен. Ако со шутирање ја скршиме вратата од лифтот, ќе можеме да се спуштиме еден кат подолу и да излеземе од лифтот.
ЈАРЕЦ: Немојте комшија! Тоа не доаѓа во предвид.
РИБИ: Така е! Кој знае што се може да ни с еслучи додека се спуштаме. Некој би можел да падне од лифтот.
ВАГА: Комшија, што мислите вие за ова?
БИК: Мене ме прашувате?
ВАГА: Да. Гледам стоите мртов ладен
БИК: Мене ништо не ме прашувајте. Сега е ручек време, а тогаш не размислувам за тешки работи.
БЛИЗНАЦИ: Зошто се грижите? Имам карти за играње, па можеме да изиграме некоја партија. Да делам?
РАК: Вие не сте нормален!
ЈАРЕЦ: Комшија, бидејќи го изедовте сендвичот, а рековте дека имате решение, ајде да го слушнам.
БИК: Решението е едноставно, ќе чекаме дури не дојде струја. (лифтот почнува да се тресе)
РАК, ДЕВИЦА и РИБИ: Леле, што е ова?
БЛИЗНАЦИ И СТРЕЛЕЦ: Почнува вистинската забава!
ВОДОЛИЈА: На нашите маки им дојде крајот – дојде струја.
СТРЕЛЕЦ: Сега ќе излеземе од лифтот и ќе одиме кај мене на кафе. Ова мора да се прослави.