.....
Тргнуваме на пат. Маж ми вози, јас сум на сопатничкото седиште.
-Дај вода...Придржи воланот за да го наместам седиштето...Што беше напишано на тој знак?...Дај ми мастика за џвакање...Спреми пари за патарина...Почешај ме за левото рамо...Дај ми ги очилата за сонце...Погледни каде има исклучување за на бензиска...Погледни дали има некој од десно...Смени ја таа станица...Дај вода...
Во одреден момент се менуваме, седам на седиштето на возачот, тој се прозева и сака да дремне.
- Не спиј, не го знам патот!
- Само вози право...и заспива, грчи ...
-Каде да возам сега“?
- Само право, одговара тој, намуртен и незаинтересиран.
- Нема право, може да лево или десно, веќе почнува да ме нервира ...
- Лево и зошто ме будиш...
- И, сега?
- Мммм...
- Ајде, не можеш да спиеш, не го знам патот, ебате...немам идеја каде сме!
- Досадна си, како не знаеш!?...А, каде сме сега, дали сврте десно на тој семафорот пред околу 15 км?...И дај гас, што го галиш...Свирни му на тој, да муибам се...Полека кај си се залетала!?...Претркај го...Полесно со тоа мењачот... Префрли во трета...Полека, лизгаво е...Вии го вој, свири му бре!...Гас, фати зелено... Вози зад камионот, само позади него... Не трчај бре ко прле пред магаре...Бегај у другата лента...Гас, гас, свири му бре!
- Ајде, спиј, те молам ...
„И што ви се допаѓа повеќе, да бидете возач или совозач“?
„Следниот пат кога би сакала да бидам резервна гума, ако тоа не е проблем“.