Author Topic: Смешни и интересни цитати  (Read 78929 times)

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #240 on 09.06.2019, Sunday, 14:58:59 (Edited 09.06.2019, Sunday, 22:43:27) »
Quote
Епа ете, најдовме начин како да ги разликуваме :D.
Не најдовме ништо што го објаснува зборот сваќа, затоа што сваќа и сфаќа се два сосема различни зборови со сосема различно значење.
Е сега бидејќи преовладува мислење дека нештата се подразбираат тогаш да подразбереме дека слаб и слап е едно те исто.
Впрочем со нашето пишување кој како подразбира и колку бил присутен на наставата по македонсски јазик, ја подржува бугарската теза дека македонскиот јазик е дијалект на б'лгарскијат, па така продолжете со доуништување на Македонија и македонското ткиво.

Quote
1. Жена на сват или жена во својство на сват.
Албански: krushkë
Примери:
(разг.) Сват со сваќа не се фаќа!
2. Погача која се меси од страна на сватовите на младоженецот и се носи кај мајката на невестата.
Албански: pogaç krushke
Употреба: Дијалектен збор
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/show/сваќа/ж
Quote
1. разбере, долови
Англиски: understand Албански: kuptoj
Примери:
Не можеше да сфати како гореа толку високо.
Слично со: долови (св.) , разбере (св.)
2. запамети, усвои, узнае
Англиски: comprehend Албански: kupton
Примери:
Детето брзо ги сфати првите лекции.
Слично со: узнае (св.) , запамети (св.)
Code: [Select]
http://www.makedonski.info/show/сфати/св
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #241 on 09.06.2019, Sunday, 16:29:58 »
„Впрочем со нашето пишување кој како подразбира и колку бил присутен на наставата по македонсски јазик, ја подржува бугарската теза дека македонскиот јазик е дијалект на б'лгарскијат, па така продолжете со доуништување на Македонија и македонското ткиво.“така ајде да им покажиме кој сме, да ја решиме еднаш и да ги вратиме нашите делови :D

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #242 on 09.06.2019, Sunday, 18:16:25 »
Напиши така да не се чита меѓу редови. >:(
Поентата ти е  :o :o :o
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #243 on 10.06.2019, Monday, 04:53:27 »
Форум е, на форум пишувам, не пишувам доктурска, и онака никому не му е гајле, и да му е нема ништо да смени во врска со бугарите.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #244 on 10.06.2019, Monday, 14:12:49 (Edited 10.06.2019, Monday, 23:55:43) »
Се сложувам со тебе и јас на форум пишувам ама се трудам форумот да личи на форум а не на пишувам за да пишам.
Точно е не пишуваш доктурска, ама ако се придржуваме на правилата на форумот 1.1 и 2.1 тогаш (логично е) според мене секој еден да се труди да пишува на засега кодифициран и книжевен македонски јазик!
Биди жив и здрав и продолжи така, на прав пат си!!!   8)
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #245 on 05.07.2019, Friday, 21:05:03 »
Летување на Македонски начин ;D.

Се стегаш едвај присоберуваш некој денар за да може да одеш на 5- 6 дена до Грција….
Ритуалот е како на цртан филм…..одаш купуваш се живо и диво и тава шо ти треба и тава шо не ти треба, си мислеш ќе дремаш 3 месеца на одмор….
Колата ја настенкуваш до последното празно место, да има как и нешто ќе ставаш у резервоаро за бензин..
Тргнуваш и мољаш бога да нема гужва на границата а уз пат кажуваш молитви да не ти кажат да отвораш багажнико, оти ако го отареш багажникот ујде коњо у реката….
Стигаш до одреденото место…..тераш геостратешко место ….како санитарна инспекција ги проверуваш собите ….кршеш англиски со авганистански акцент,,,а оно уствари газдата прича мало српски..
И конечно после 2- 3 саата направена обиколка на длго и широко и набиена километража у нозете се сместуваш….
И почнуваш да вадеш стварите од колата и вадеш …и вадеш …и вадеш….абе жено шо си пакувала толку да не зема и на мајка ти регало ……де де ќе се најде, одговара жена ти….
Најтешкио моментат ти е одењето на плажата……Земаш фриком или кока кола чадорот…крпи…јадење….вода….крем за сончане….играчки за децата , многу играчки за децата..гуми и мускуле за пливане…..да имам как и телевизоро ќе го земаш од собота…
На 10 километра ќе те познааат дека си од балкано….Едвај се движеш кату пигвин и тераш место на плажата…..од тебе тече пот, а на жена ти н е и се аресе таа плажа…па одеш по надоле….па по надоле…па се вракаш пак назад….првио ден тераш социјална плажа..тава уставри ти е плажа измеѓу лежалките и кафичите….затава шо не се плаќа…..конечно навагаш место и се спростираш, окопираш територија….. и нели обично одеш со дрштво па зафакш 70 квадрата за друштвото додека да дојде…па почнува ритоало….тато ајде влеземе у водата..чекај не си намачкан…тато беее….доваѓи туку да не се дерам….малеееее аман…го мачкаш и трче да се зашупа у водата….друго дете наред…..и конечно доваѓе ред и ти зимаш залет и осекаш се како на филм…ка трчеш у успорена снимка….полека со една нога допираш на песокта па со другата ….и шлуууус осекаш как не ти се осекаат некои делови од телото по папо…водата кокал…..али пени се не пени пари си давал стегаш заби и се бањаш…..
Се вракаш и легнуваш да се сончаш и лежаш…и таман исушен осекаш песок и вода врз главата…ајде да си играаме….слушаш детски глас и кикот….
И правеш кукички…мукички…замоци….
После неколку минути….татооо ајде да се бајнеме….не можам сега..ама ајде татооо…..и одеш пак се пљускаш у водата…..
Мамо мамооо гледи ка пливам…ќути не се дери …..мамо мамооооооо
Од ка ќе габесеш у водата се враќаш да се испружеш, си легнуваш и полека те совладува дремката…ти иде сонот….ја гледаш как иде Моника Белучи у купачи си викаш немогуче …
Доаѓе и таман да ја гушнеш и да ја изнабацувашш слушаш глас Немањааа изаџи од воду Немањаааа…комшијата до тебе од Горни Милановац си ги испробува гласните жици…
Пу јазк и у соно не можеш да уживаш а кобајаги на одмор си….
Стануваш зееш кату теле ту на лево ту на десно….зеееш у морето…. И у глобала дено така че ти помине у зеење…
И конечно доваѓе моментот да си збираш парталетео и да одеш накај собата….
Се дераш по децата да изчеват од водата….ама како шо е општо познатооо тава трае уште пола саат..
Се враќеш накај собата како да си бил на копање а не на плажа….
Па туширане…па јадене…..па шетане….ма тава ли е одмор бе…..
И конечно доваѓе моменто да си легнеш и да спиееш ….после некое врееме слушаш зууууу…зууууу осекаш печене… пу да и*ам и комарецо и грција и мрција …
Ново утро нова нафака…
Ма какво ново утро се е исто како шаблон…..пак спремане за на плажа…пак товарено магаре..,пак теране слободно место на социјалната плажа…..кукички мукички….пљускане у водата…сунчане додека не изгореш, нели оти ак си доош не исунчан исто како да не си бил на одмор….
Таман се исплскуваш у морето јати облаци идаат…почнува да грме…почнува да врне…со брзината на светлината збираш парталето и бегаш накај собата….и си врне и си врне баш мо гајле оти пари си платил за сонце а не за дожд….У собата телевизор со две програми…едната германска едната словенска…ништо не разбираш….мобилните нормално ти се зафатени од децата ,,,пепа пиг…мама воли бе
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Го изгубивме системот на вредности

Лазар Прелиќ од српска Голија кој има 89 години.

На прашањето што е заедничко за сите луѓе во светот, овој старец вели:

– Бидејќи им е здодевно детството, брзаат да порастат, а потоа сакаат да бидат деца. Трошат здравје за да заработат пари, а потоа парите ги трошат за да го вратат здравјето. Што живеат како никогаш да не ќе умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.

Потоа им дава многу важна порака на младите.

– Да научат дека не можат да принудат никого да ги сака. Дека не е највредното тоа што го поседуваат, туку кои се тие во нивните животи. Да научат дека не е добро да се споредуваат себеси со другите. Дека не е богат човекот кој има најмногу, туку оној на кој најмалку му треба. Да научат дека само секунди се доволни за длабоко да повредат некој сакан, а потоа требаат години тоа да се лекува. Да сфатат дека има луѓе кои многу ги сакаат, но не знаат како тоа да го кажат или покажат. Да научат дека со пари може да се купи многу, освен среќа. Дека две лица можат да гледаат во истата работа и да ја видат поинаку. Да научат дека вистинскиот пријател е тој што ги знае сите твои маани, а сепак те сака – вели дедо Лазар.

Дали по овие зборови ќе застанеме за момент и ќе се запрашаме дали некаде грешиме? Дали ќе „повлечеме рачна“ и ќе почнеме да обрнуваме внимание на светот околу нас? Од нас зависи…

Code: [Select]
https://denesen.mk/vredi-da-se-prochita-ovoj-starec-im-dade-najmudar-sovet-na-site-lugje-koi-sakaat-da-bidat-srekjni/
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #247 on 18.01.2020, Saturday, 02:12:48 »
Дали по овие зборови ќе застанеме за момент и ќе се запрашаме дали некаде грешиме? Дали ќе „повлечеме рачна“ и ќе почнеме да обрнуваме внимание на светот околу нас? Од нас зависи…

Да... со тоа што парите се слатки, особено во капитализмот.

Иди оваа приказна раскажи му ја на некој бизнисмен кој мисли дека љубовта на своето дете може да ја купи ако го однесе на летување на Бахами, да видиш што ќе ти каже ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #248 on 18.01.2020, Saturday, 10:28:06 »
Нови времиња....

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #249 on 18.01.2020, Saturday, 12:38:34 »
Quote
Дали по овие зборови ќе застанеме за момент и ќе се запрашаме дали некаде грешиме? Дали ќе „повлечеме рачна“ и ќе почнеме да обрнуваме внимание на светот околу нас? Од нас зависи…
Оваа не е мој коментар туку на пистелот на текстот од линкот даден во прилогот.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #250 on 18.01.2020, Saturday, 16:24:16 »
Не значи дека некој нешто рекол и то мора да е така.
А и јас кога бев средношколец, се гледаше кој што носи, кој од кого е, кој колку учи, како да се знаеше идината уште тогаш, иако појма немавме за животот. Или ќе се прилагодиш, или ќе бидиш дискриминиран. Ја то су разбрал од моето досегашно искуство. Ни порано немало "топлина", него тој што работел, работел и за некој паразит, па немало големи класни разлики, а тие што двоеле, биле ретки и навистина го заслужиле тронот титулата....

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Интересен ПОУЧЕН цитат
« Reply #251 on 02.02.2020, Sunday, 15:01:32 »
Сулејман Величенствениот познат и како Кануни (Законодавецот) бил образован владетел.
Тој зборувал 4 јазици: арапски, персиски, српски и чагатајски (стар облик на турскиот јазик).
На власт дошол кога имал 26 години, а неговото владеење траело 46 години.

Пред смртта, султан Сулејман ги повикал поверениците и им ги издиктирал своите три последни желби:
Првата желба му била неговите исцелители да го носат сандакот со неговите посмртни останки во текот на погребот.
Втората желба му била златниците и другите скапоцени камења да остануваат по патеката зад поворката која ќе го носи сандакот.
Третата желба му била да му висат рацете од сандакот за да можат сите да ги видат.


Кога главниот командант на војската, збунет од она што го чул, прашал за причината за таквите желби, Сулејман објаснил:

Сакам најдобрите исцелители да ги носат моите посмртни останки за сите да видат дека дури и тие се немоќни пред смртта.

Расфрлајте го наоколу сето злато кое цел живот сум го собирал за сите да видат дека сè што сме стекнале останува на овој свет.

Моите раце нека висат од сандакот за сите да видат дека дури и Сулејман Величествениот заминува на другиот свет со празни раце.


Code: [Select]
https://tocka.com.mk/vesti/324842/sultan-sulejman-imal-3-zelbi-na-smrtnata-postela-site-zanemele-koga-gi-cule
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #252 on 15.02.2020, Saturday, 13:01:46 »
Како иде?

Сократ: А ти што мислиш?

Епикур: Лезет.

Зенон: Само ни се чини дека иде.

Сизиф: Се бутка.

Стоиците: Се издржува.

Тантал: Мачно.

Едип: Море с'ибало мајката.

Хамлет: Да иде, или да не иде?

Буда: Ниту иде. Ниту не иде.

Хегел: Идеално.

Кјеркегор: Ќути...

Кант: Ова идење е најдоброто од сите можни.

Ниче: Ич ништо не иде.

Декарт: Иде, значи постои.

Хокинг: Чекор по чекор.

Планк: Константно лошо.

Маркиз де Сад: Ко подмачкано.

Пруст: Какво губење време..

Нострадамус: Не е на арно.

Ајнштајн: Релативно добро.

Фројд: Ку*ов мој иде.

Фаерабенд: Сè иде.

Жижек: Кому бе ти како иде? Зошо бе да не иде?

Раскољников: Не се секирај.

Мартин Лутер Кинг: Јас имам сон дека иде.

Берлускони: Нит сум идел, нит знам кој идел.

Тито: Другарице и другови - иде!
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #253 on 15.02.2020, Saturday, 19:12:23 »
"Иде иде па стане"  непонат афтор.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Интересни цитати (мисли и мудрост)
« Reply #254 on 28.02.2020, Friday, 17:18:16 (Edited 28.02.2020, Friday, 17:47:59) »
Прочитајте ја оваа мудра, народна приказна од Истокот

Еден султан имал четири жени. Најмногу ја сакал својата четврта сопруга – најмладата и најмилата. Султанот и’ подарувал богата облека, накит и слично. Била среќна и задоволна.

Султанот исто така ја обожавал и својата трета жена – невидена убавица, која со задоволство ја водел со себе на патувања.

На султанот му била драга и неговата втора сопруга – лукава и софистицирана, склона на интриги. Таа нему му била личност од доверба, секогаш паметна, љубезна и трпелива. Кога имал проблеми, султанот секогаш и’ се обраќал нејзе, бидејќи само таа знаела да најде решение за речиси секој негов проблем.

Првата сопруга била најстара и неа султанот ја добил во наследство. Таа била најлојална сопруга и правела се’ за да го сочува богатството на султанот. Меѓутоа, султанот не ја сакал. Дури и му пречело што таа толку многу го сака и почитува.

Еднаш султанот многу се разболел. Се сетил во каков луксуз живее, па помислил: „Сега имам четири жени, но кога ќе умрам, ќе умрам сам.“

Се свртел кон својата четврта жена и ја прашал:

„Те сакав повеќе од која било друга. Ти дадов се’, те негував со посебно внимание. Сега кога се разболев, дали си подготвена да ми се придружиш во царството небесно?“

„Не сум јас за тоа, чесен султане“, му кажала четвртата сопруга, а нејзините зборови го прободеле како нож во срце.

Со тешко срце султанот ја прашал својата трета жена:

„Ти се восхитував цел живот, сега кога умирам, дали си подготвена да ми се придружиш во царството небесно?“

„Животот е толку убав! Кога ти ќе умреш, јас ќе се премажам“, дрско му одговорила третата сопруга.

Султанот бил тажен, неговото срце никогаш не почувствувале таква болка. Потоа, султанот се свртел кон својата втора жена:

„Секогаш ти се обраќав за помош, бидејќи ми беше најдобар советник. Сега кога умирам, дали си подготвена да ми се придружиш во сенката на задгробниот живот?“

„Жал ми е што не можам да ви помогнам овој пат“, одговорила втората сопруга. „Најмногу што можам да сторам за вас е чесно да ве погребам.“

Нејзиниот одговор го погодил султанот како илјада громови. Во тој момент слушнал глас:

„Ќе појдам со тебе каде сакаш! Заедно во живот, заедно во смрт!“

Султанот се свртел и ја здогледал својата прва сопруга, скршена од тага и речиси непрепознатлива.

„Требаше да бидам повнимателен кон тебе кога имав шанса!“


Како и султанот, секој од нас има четири жени:


Нашата четврта сопруга е нашето тело: без разлика колку труд и време вложуваме во него да изгледа добро, ќе не’ напушти кога ќе умреме.

Нашата трета жена е нашата кариера, положба, пари, богатство, социјален статус: Кога ќе умреме, тие ќе им припаднат на други.

Нашата втора сопруга се нашето семејство и пријатели: без разлика колку ни помагале, најмногу што можат да направат за нас кога ќе умреме е достоинствено да не’ погребат.

Нашата прва сопруга е нашата душа која често ја игнорираме поради потрага по среќа, моќ, богатство и задоволство. И покрај тоа, душата е единствената што ќе не’ следи каде и да одиме.


Грижете се за душата, угодувајте и’, штитете ја, бидејќи само така ќе си го дадете најголемиот подарок.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!