Author Topic: Смешни и интересни цитати  (Read 79174 times)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #195 on 22.11.2014, Saturday, 22:32:23 »
Ти тоа го практикуваш?

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #196 on 22.11.2014, Saturday, 22:44:33 »
многу тоа го практикуваат :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #197 on 23.11.2014, Sunday, 11:36:20 »
Проблемот е кога ќе ти текне дека треба дома да си одиш ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #198 on 23.11.2014, Sunday, 21:06:50 »
уште поголем проблем е ако не ти текне дома да си одиш :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #199 on 12.12.2014, Friday, 23:18:33 (Edited 12.12.2014, Friday, 23:20:39) »
Малку ремет на сметка на еден наш DJ ;D.

Quote
Диџеј Бабура може во ист момент да микса на 6 дека, 4 ЦД плеери, 3 сајзери, 2 ритам машини и воедно да ја анимира публиката.

Кога диџеј Бабура пушта музика по дома, околу неговата зграда се собираат сите скопски диџеи и фаќаат прибелешки.

Вселенската сонда Војаџер покрај записи на звуци од Земјата и говор на сите јазици во светот, наменети за евентуална средба со вонземјани, содржи и микс на диџеј Бабура.

Сатриани ја скршил гитарата кога го слушнал ремиксот на „Ајде да летаме“ од диџеј Бабура.

Кога Семјуел Л. Џексон ја отвора актовката во завршниот дел на „Палп Фикшн“, блескавата светлина што го заслепува е всушност новото ЦД со ремиксот на „Ајде да летаме“ од диџеј Бабура.

Диџеј Бабура снима микс од 5 часа за 2 часа.

Откога го слушна новиот ремикс на „Ајде да летаме“ од диџеј Бабура, слухот на Френки Вилде(It's All Gone Pete Tong) се поврати. 100%.

Карл Кокс е вонбрачно дете на таткото на диџеј Бабура кој пред 4 децении бил на привремена работа во Англија како бебиситер. Оттаму, Кокс е добар скоро колку диџеј Бабура.

Во натпревар „Кој е подобар диџеј?“ помеѓу Карл Кокс и Тиесто, секогаш победник излегува диџеј Бабура.

Во списанието DJ Mag каде се гласаше за најдобар светски диџеј и беше прикажана топ 100 листа, во долниот дел на последната страница можете да прочитате дека секоја година најдобар диџеј е DJ Бабура. Споменатите 100 на листата се само најблиску до титулата.

Кога Коперник пишувал за музиката на небесните сфери, всушност мислел на миксовите на диџеј Бабура.

Диџеј Бабура не спие. Тој напорно работи на својот следен сет. 24/7.

Диџеј Бабура не чека ред во 7-ца. Никогаш.

Новото ЦД „Повеќе Витамини“ на диџеј Бабура е првиот успешен обид да се соедини органска материја со ЦД фолија. Со едноставно слушање на ЦД-то воздушно инхалирате витамини. И тоа А, Б, Б6, Б12, Ц, Д и Е.

При преслушување на црните кутии од авионите кои удрија во кулите близначки, ЦИА утврди дека терористите западнале во хипнотички транс слушајќи го рефренот „Ајде да летаме, не плаши се“ од ремиксот на диџеј Бабура.

Секој 4-ти јули диџеј Бабура микса на ранчот на Џорџ Буш по повод независноста на САД. Диџеј Бабура е еден од првите кои се залагаа за укинување на ропството во Америка и еднаквост помеѓу расите. Доказ за тоа е гостувањето на Карл Кокс во Скопје.

За време на сушните периоди во Струмичко, селаните од Моноспитово го букираат диџеј Бабура на open-field журка за да повика дожд.

Научно е докажано дека еден час проведен на забава на диџеј Бабура го смалува ризикот од стрес и за 78% го намалува ризикот од канцерогени и кардио-васкуларни заболувања.

Секоја година за Водици крстот го фаќа човек што ја обожава музиката на диџеј Бабура. Коинциденција?

Саше од Фактор-Х, додека го слушал сетот на диџеј Бабура добил привидение и оттогаш може да ги толкува судбините на луѓето.

Диџеј Бабура ја одби поканата да настапи на отворањето на ЛОИ 2008 во Пекинг, под изговор дека Пекинг е предалеку и дека би сакал летните олимписки игри да ги гледа во кругот на најблиските.

Познатата песна „God is a DJ“ од групата Faithless всушност е инспирирана од нивната средба со диџеј Бабура на еден хуманитарен концерт за помош на глувите деца во светот.

Општо познат феномен од секојдневието е дека кога уринирате, последната капка секогаш ви останува во гаќите. Но, не и кај диџеј Бабура.

По неодамнешната турнеја на диџеј Бабура низ Америка, бабурата стана национално јадење во 50 федерални држави(Тексас веќе ја имаше прогласено за национално јадење 1972 година).

Списанието „The Economist“ во својот последен број истакна дека по објавувањето на ремиксот на „Ајде да летаме“, американската музичка индустрија забележала рекордно намалување на продажбата од $3.8 милијарди долари.

Пејачката на групата Indeep која стекна светска слава со песната „Last night a DJ saved my life“ во почетокот на 90-тите, по скоро 15 години во интервјуто за NBC откри дека песната е целосно инспирирана од музиката на диџеј Бабура, во периодот кога таа имала суицидални мисли и на неколку пати пробала да си го одземе животот.

Археолозите кај Хераклеа, покрај вообичаените предмети од глина и бакар, деновиве пронајдоа остатоци од грамофон. Сепак, со сомнеж за ова сеуште непотврдено откритие, вистината е дека диџеј Бабура го поседуваше првиот грамофон во Македонија.

Apple на својот сајт објави дека новата верзија на iPod(iPod-DJB) покрај основните копчиња(мени,плеј,напред и назад) ќе има и B копче, преку кое корисниците ќе можат директно да го слушнат ремиксот на диџеј Бабура, без да имаат потреба да влезат во главното мени.

Таткото на познатата екс-тенисерка Штефи Граф, кој неправедно беше обвинет и осуден за евазија, деновиве по неговото излегување од затвор приреди забава за своите пријатели од џет-сетот на која почесен гостин беше диџеј Бабура.

Компанијата за аудио софтвер Propellerhead во најновата верзија на програмот за креирање музика - Reason 3.0, го имплементираше ремиксот на диџеј Бабура како перфектен пример за тоа како еден ремикс треба да изгледа. Во прилог на ремиксот, корисниците ќе имаат можност да ги чујат и step-by-step аудио коментарите на диџеј Бабура, преку кои за првпат го открива тајниот свет на ремиксувањето.

Откако Disney не успеа да ја договори цената за ангажирање на диџеј Бабура околу саундтракот на најновиот анимиран филм „Cars“, се задоволи со неговиот глас како поефтина варијанта. Тој својот глас го позајми на Леонко - колата Сеат Леон, која е еден од протагонистите во филмот.

„Пивара Скопје“ соопшти дека поради зголемената побарувачка на Coca Cola во Mcdonalds деновиве, успеала да ја потроши шестмесечнaта залиха на овој пијалок. Ремиксот на диџеј Бабура отсега ќе се продава со гратис Sprite.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #200 on 16.01.2015, Friday, 13:56:11 »
Вака е кога имате мускули, но немате мозок.... :D
Code: [Select]
http://www.deathandtaxesmag.com/233107/two-body-builders-argue-on-the-internet-about-how-many-days-are-in-the-week/
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #201 on 16.01.2015, Friday, 16:16:49 »
Морам да признаам дека полемиката беше многу интересна и ми отвори нови хоризонти... во негативна смисла...
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #202 on 16.01.2015, Friday, 17:17:46 »
Хаха, а замисли мене тек како ми е, знаеш дека работев со вакви девет години... ;D :o
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #203 on 17.01.2015, Saturday, 07:34:21 »
Хаха, а замисли мене тек како ми е, знаеш дека работев со вакви девет години... ;D :o

Ќути ;D, не можам ни да замислам ;D.

Quote
ДЕЦАТА ОД АМЕРИКА И ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА

МОЖЕБИ ДЕТЕТО ОД АМЕРИКА ЌЕ СЕ ВОЗИ НА РОЛЕРКОСТЕР ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ, НО НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ДОЈАДЕ СО ПАРЧЕ ЛЕБ ОСТАТОКОТ ОД ЗЕЈТИН ВО ШОПСКАТА.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #204 on 23.04.2015, Thursday, 17:47:40 »
Цитирано од темата: "Мојата/Вашата работилница"
Кажете, а, добар е, [мауспадот] ххахахаах ;D ;D ;D. Па оптички е, а не планирам да ставам trackball, не ради друго, премногу прашина и праченца калај има на масата, па ќе траб да го чистам на секои 2 или 3 дена, а вака не „фаќа“ LED диодата на белата подлога (не се движи курсорот), и морав некако (барем привремено, додека инсталирам се, програми, мрежа ова она да истестирам дали се функционира како што треба) да ставам некаква подлога, и на крај, остана така ;D.
Прочитај ми го потписот... ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #205 on 23.04.2015, Thursday, 22:15:34 »
Аааааа... некој ми прати post-ови ;D.

Лилееееее, имам обожаватееееееел... лилееееееее ;D ;D ;D.

Инаку, да update-ам информација за конкретниот „проблем“, маусчето си е среќно, веќе не е само, си најде еден стар мауспад за придружник ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #206 on 24.04.2015, Friday, 14:25:42 »
Така си шуркам низ темата и ми се совпадна тоа со потписов мој... ;D ;D
Инаку и јас така, најголемата вистина е ова, го правиш уредот, проработува, и чека еден месец "привремените" работи да се заменат со трајни...  ;D ;D ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #207 on 24.04.2015, Friday, 16:58:45 »
Е така си е ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #208 on 26.08.2015, Wednesday, 19:52:31 »
Quote
TRADITIONAL CAPITALISM: You have two cows. You sell one and buy a bull. Your herd multiplies, and the economy grows. You sell them and retire on the income.

AMERICAN CAPITALISM: You have two cows. You sell three of them to your publicly listed company, using letters of credit opened by your brother-in-law at the bank, then execute a debt/equity swap with an associated general offer so that you get all four cows back, with a tax exemption for five cows. The milk rights of the six cows are transferred via an intermediary to a Cayman Island company secretly owned by the majority shareholder who sells the rights to all seven cows back to your listed company. The annual report says the company owns eight cows, with an option on one more. You sell one cow to buy a new president of the United States, leaving you with nine cows. No balance sheet provided with the release. The public buys your bull.

AUSTRALIAN CAPITALISM: You have two cows. You sell one, and force the other to produce the milk of four cows. You are surprised when the cow drops dead.

FRENCH CAPITALISM: You have two cows. You go on strike because you want three cows.

JAPANESE CAPITALISM: You have two cows. You redesign them so they are one-tenth the size of an ordinary cow and produce twenty times the milk. You then create clever cow cartoon images called Cowkimon and market them worldwide.

GERMAN CAPITALISM: You have two cows. You re-engineer them so they live for 100 years, eat only once a month, and milk themselves.

BRITISH CAPITALISM: You have two cows. Both are mad.

CANADIAN CAPITALISM: You have two cows. Come to think of it, they look more like a pair of moose - in fact, yes they are. One speaks French, one speaks English. One fights to create a new country, the other won't let it. They both play ice hockey rather well.

ITALIAN CAPITALISM: You have two cows, but you don't know where they are. You break for lunch.

RUSSIAN CAPITALISM: You have two cows. You count them and learn you have five cows. You count them again and learn you have 42 cows. You count them again and learn you have 12 cows. You stop counting cows and open another bottle of vodka.

SWISS CAPITALISM: You have 5000 cows, none of which belong to you. You charge an outrageous fee to others for storing them.

CHINESE CAPITALISM: You have two cows. You have 300 people milking them. You claim full employment, high bovine productivity, and arrest and detain without trial the journalist who reported the number of cows.

NEW ZEALAND CAPITALISM: You have two cows. That one on the left is kinda cute...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни и интересни цитати
« Reply #209 on 26.08.2015, Wednesday, 22:00:06 »
Ехееее, ова старо е ;D. Го имам читано на Македонски, изгледа некој го превел, само што мислам дека го немаше оној дел за Американскиот капитализам.