реков дека ке дадам шема за мерење на напон и струја со еден дигитален инструмент...па еве ја шемата...
R1=0.1R/5W
R2=2k2-тример
R3=10K
R4=100K
R5=100R
Дигиталниот инструмент се става на најмало подрачје за мерење на DC напон (повеќето се 200mV) а остатокот се поврзува како на шемата. При мерење на напон инструментот ја покажува вредноста како што е, а за мерење на струја покажаната вредност се дели со 10 (запирката се поместува на лево за едно место). За нагодување ке ви биде потребно потрошувач и....стабилизатор на напон. Се нагодува така што напојувањето ке се оптовари со некоја позната струја(на пример 1А) и со R2 се нагодува инструментот да покажува 10mV(при оптоварување од 1A). За одпорниците R4 и R5 употребете одпорници со толеранција од 1% за поголема прецизност. За инструмент можете да ги употребите оние што се никаквине/чкартни инструменти од пазарче што се 150-200 денари.
какво било прашање во врска со шемата кажете и ако знам да го одговорам ке го направам тоа, иако не гледам нешто збунувачко во шемата....