Ова лето имав малку време да се занимавам со правење звучни кутии,ама сепак направивме една многу интересна комбинација за еден наш другар,колега кој наполни рамно 50 години.И тој е од оние пребирливите теоретичари,кои се знаат за звукот и кутиите,читаат,сметаат,ама никогаш немаат доволно храброст и * негативен коефициент на памет* за да пристапи кон правење звучни кутии.Сакавме нешто необично да направиме ,па земавме една веке * видена* конструкција и ја прилагодивме токму на неговите * сваќања* за успешен звук.Прво ограничување ни беа звучните едниници кои ги имавме - два високотонци BMH-1301 Biema /90 db/15W/1,5 -20 Khz/8 omi/0,15 kg - и два постари басови ( постар модел мислам!) BML-T600 - 6,5 inci/8 0ma/45W /91 db/ 54- 6,5 Khz/1,4 kg .Решивме поврзувањето да биде bi wiring,па направивме посебни свртници за високите,посебни за басовите и ги поврзавме со 4 кабли,од кои за басовите употребивме 2х 3,5 мм пресек ,силиконски изолирани,а за високите 2х2,5 мм силиконски изолирани во должина по 3,5 метри секој.Бидејки типов има NAD 3020појачувач со јачина 2 х 30 вати кутииве ептен му легнаа.Е,сега доаѓаме до она најбитното.Бас драјверот е во посебна комора сместен а се отвара во друга помала на чија предна страна е високотонецот,а бочно е бас рефлекс отворот.Испробавме цел арсенал на бас рефлекс цевки и по долги*расправии* дојдовме до заклучок дека е *најдобра* она со дијаметар 7,5 см и долшина околу 120 мм. Мајстор Крсто ни набави некој чуден ламинат со дебелина 12 мм и јас му честитам испадна стварно добар,цврст и пред се неутралем.Во бас делот на кутијата има залепено 2 см тервол на дното и две бочни страни.Приклучоците на звучниците се со старински буксни,а звукот на кутијата е навистина нешто посебно и го констатиравме после три *тешки* дуели со помош на пржена риба и * бунар*.Свртницата е * отворена* за измени.Слушајте и преправајте по ваша воља и памет.Дадена е и шема на поврзувањето ,а останато според ваша воља.И на крај - изразувам жалење,ама никој и никаде во текот на расправите не спомна Qts,Rms или слични параметри и формули.А славеникот кутиите ги оцени 4+ ,со солзи во очите ,бидејки немаше место каде во станот*правилно* да ги постави и распореди!