Author Topic: Day Made of Glass  (Read 2985 times)

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Day Made of Glass
« Opened on 09.08.2011, Tuesday, 15:29:38 (Edited 09.08.2011, Tuesday, 15:48:02) »
Добра е замислава само кога би го оствариле ова???? :)

A Day Made of Glass... Made possible by Corning.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Day Made of Glass
« Reply #1 on 09.08.2011, Tuesday, 15:38:41 »
Линкови кој водат до некој одреден дел во форумот не мора да се кодираат, исто така не мора да ги кодирате линковите од видеа (пр од youtube).

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Day Made of Glass
« Reply #2 on 09.08.2011, Tuesday, 16:41:28 »
...исто така не мора да ги кодирате линковите од видеа (пр од youtube).

Всушност само од youtube не мора да ги кодирате, сите други треба ;).

Интересно видео ;), само ме интересира една работа, ако може колата да ја направат да биде на touch и да може сама да ти го кажува патот преку GPS, зошто да не може да ја направат да вози сама? Би се намалил бројот на сообраќајки ако сите коли би возеле автоматзирано ;), особено од сабајле, кога ќе станете, кога и не сте баш најрасонети ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

stefanjanevski

  • Guest
Одг: Day Made of Glass
« Reply #3 on 09.08.2011, Tuesday, 16:48:20 »
Едната причина би била, доколку сите коли на светот бидат направени сами да управуваат, а ние само да внесуваме команди, тоа сето би требало да оди преку GPS, а колку да се знае во светот за некое време ќе има повеќе коли одколку луѓе, па со самото тоа ќе дојде до блоќирање на GPS мрежата.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Day Made of Glass
« Reply #4 on 09.08.2011, Tuesday, 16:56:54 »
Едната причина би била, доколку сите коли на светот бидат направени сами да управуваат, а ние само да внесуваме команди, тоа сето би требало да оди преку GPS, а колку да се знае во светот за некое време ќе има повеќе коли одколку луѓе, па со самото тоа ќе дојде до блоќирање на GPS мрежата.
Како тоа да се блокира GPS мрежата? Од ова гледам дека не знаеш како всушност функционира GPS системот.
Едино нешто, зошто нема да профукнкционира колите да се наведуват преку GPS е поради тоа што системот не е совршен и е склон на грешки. Јас користам редовно GPS и се дешава да погреши. Имаше и случај каде со 2 GSP уреди на раскрсница да покажат двата во различни правци и на кого ке веруваш...
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Day Made of Glass
« Reply #5 on 09.08.2011, Tuesday, 16:57:40 »
Едната причина би била, доколку сите коли на светот бидат направени сами да управуваат, а ние само да внесуваме команди, тоа сето би требало да оди преку GPS, а колку да се знае во светот за некое време ќе има повеќе коли одколку луѓе, па со самото тоа ќе дојде до блоќирање на GPS мрежата.

Мрежата може да се прошири, тоа не е проблем, проблем се парите кои треба да се вложат за да се направи тоа, а бидејчи живееме во монетарен систем, не верувам дека некој ќе го направи тоа „за доброто на луѓето“ ::). Многу полесно е да „мачкаш очи“ со touch дисплеи низ цела кола и купците да си викаат „ууууууу, глеј каква кола човече, се е на touch“, одколку навистина да се потрудиш да решиш еден голем проблем на денешницата, односно преголем број на коли што предизвикуваат уште поголем број на сообраќајки ::), но монетарниот систем го диктира тој на чин на живот, крајниот заклучок на секој монетарец би бил „ако нема ќар од тоа, не го правам“. Ако и овој дел од нашиот живот би бил автоматизран, бројот на сообраќајки сигурно би се намалил за 90% (ако не и повеќе) бидејќи скоро секоја (ако не и секоја) сообраќајка е поселдица на човечка грешка. Замислете, одите да се зезате и да пиете со пријателите без притоа да мислите дали ќе имате доволно пари за такси до дома или до кога ќе треба да се трезните за да можете сигурно да извосите до дома... јас би сакал ваква кола ;), не мора никаде да има touch сензори, само да ме носи дома автоматски е доволно ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

stefanjanevski

  • Guest
Одг: Day Made of Glass
« Reply #6 on 09.08.2011, Tuesday, 16:58:59 »
Сакав и јас истото да го кажам, сега прават мал број на грешки, но кога на тој ист систем ќе се надодадат уште коли, ќе почнат да се јавуваат грешки за секој чекор што треба да го направи.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Day Made of Glass
« Reply #7 on 09.08.2011, Tuesday, 17:06:21 »
Сакав и јас истото да го кажам, сега прават мал број на грешки, но кога на тој ист систем ќе се надодадат уште коли, ќе почнат да се јавуваат грешки за секој чекор што треба да го направи.

Да, ама ако се прошири системот, нема да прават грешки. Тоа ми беше целата поента. Системот е мал сега за сега, и на тоа се „вадат“ кога некој ќе им спомне ваква идеја. Тоа е далеку од вистината, системот може релативно лесно да се прошири, проблем се парите кои треба да се вложат за да се направи тоа, а (како што спомнав) никој нема да сака да го направи тоа бидејќчи тоа ќе биде бенефит за целото човештво, бројот на сообраќајки драстично ќе се намали, автоматски ќе се намали прдажбата на делови, продажбата на нови коли, итн. Никој нема да има ќар од тоа. Затоа и не се прави. Жално, но суровата вистина е дека оние луѓе кои ги развиваат овие технологии не сакаат вистински да ни го олеснат животот, напротив, само повеќе се напнуваме со целата оваа нова технологија, психички и физички. Мене (на пример) многу би ми олеснило некое превозно средство автоматски да ме носи дома. Наместо да трошам половина час (некогаш и повеќе, зависи каде живеете) возејќи, може да ги поминам тие половина час (или колку и да е) спиејќи и да дојдам дома делумно одморен ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

stefanjanevski

  • Guest
Одг: Day Made of Glass
« Reply #8 on 09.08.2011, Tuesday, 17:09:11 »
Кога зборуваш за намалување на трошоците, да спомнеме дека драстично ќе се намали и потрошувачката на гориво, бидејќи нема да има нагли излетувања на коли па сопирања и трошенња на горивото. А доколку колите се управуваат преку ГПС, и семафорите ќе можат да се тргнат од употреба, а со самото тоа ќе се намали и потрошувачката на гориво.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Day Made of Glass
« Reply #9 on 09.08.2011, Tuesday, 17:11:23 »
тоа кој знае, грешките се јавуваат од причина што радио сигналот емитуван од сателитот пристигнувајки на земјата а потоа и во самиот уред поминува преку различни патишта, проблемот е во тоа што дел од сигналот пристигнува до уредот одкако ке се одбие од некој објект, облакодер и сл. и таквиот сигнал е причинител за грешките. Едино со текот на времето ако се усоврши системот па нивото на грешки да се сведе на минимум или новиот систем Галилео да даде подобри резултати.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Одг: Day Made of Glass
« Reply #10 on 09.08.2011, Tuesday, 17:12:41 »
Конкретно јас не би се возел во кола која сама управува тоа е електроника која во секој момент може да откаже и да сврти во било која насока или сама да си додаде гас и др.
На пример FIAT имаат многу проблеми со електронското серво на многу коли се дешава воланот ако него држиш сам да си сврти во некоја насока и тука може да настане несреќа подобро сам да си управуваш отколку некоја електроника праена во кина :)  


Додека сме кај GPS системот незнам дали е до парите за проширување на системот или стравуваат сонцето да не им ги уништи сателитите како што гледав на некој документарни емисии за сонцето збореа дека се јавиле многу дупки во сонцето кој сметале многу на сателитите се стравувало да не ги уништи па да останеме без телефони :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Day Made of Glass
« Reply #11 on 09.08.2011, Tuesday, 17:16:40 »
Кога зборуваш за намалување на трошоците, да спомнеме дека драстично ќе се намали и потрошувачката на гориво, бидејќи нема да има нагли излетувања на коли па сопирања и трошенња на горивото. А доколку колите се управуваат преку ГПС, и семафорите ќе можат да се тргнат од употреба, а со самото тоа ќе се намали и потрошувачката на гориво.

Да да, и тоа е вистина, без потреба за семафори, ќе се намали и потрошувачката на струја, и тоа драстично, особено во градови во кои има илјадиници семафори ;).

тоа кој знае, грешките се јавуваат од причина што радио сигналот емитуван од сателитот пристигнувајки на земјата а потоа и во самиот уред поминува преку различни патишта, проблемот е во тоа што дел од сигналот пристигнува до уредот одкако ке се одбие од некој објект, облакодер и сл. и таквиот сигнал е причинител за грешките. Едино со текот на времето ако се усоврши системот па нивото на грешки да се сведе на минимум или новиот систем Галилео да даде подобри резултати.

Тоа се вика multipath fading, и одамна има познати електронски механизми кои може да се справат со тоа (како успеаја на мобилните телефони да се справат со оваа нуспојава, така ќе можат и со GPS системот). Вистински проблем е волјата, поточно мотивацијата... there is no money in it ::), а монетарниот систем не „гледа“ мотивација ако нема ќар во неа... за жал... :-\
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

stefanjanevski

  • Guest
Одг: Day Made of Glass
« Reply #12 on 09.08.2011, Tuesday, 17:19:37 (Edited 09.08.2011, Tuesday, 17:23:52) »
За тоа што викаш дека не би сакал никогаш да дозволиш колата сама да биде управувана, навистина е зафркната работа. Пример ќе земам еден Голф од кај вујко ми од сервис, што јас самиот лично го имам пробано со парчирање. Една причина е затоа што е зафркнато како гледаш колата како се лепи до другата и мислиш дека во секој момент ќе ја удриш другата кола иако знаеш дека сето тоа е управувано од компјутер, кој нема да дозволи такво нешто.

А, тоа што викаш за сонцето вистина е, ова година се очекуваат неколку експлозии на сонцето, којшто можат да предизвикаат оштетување на сателитите.

Споено мислење: 09.08.2011, Tuesday, 17:23:52
Еве доказ дека немора ГПС или било какви системи за добро пракирање
Code: [Select]
http://www.youtube.com/watch?v=jeFNunnYiKY&feature=player_embedded

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Day Made of Glass
« Reply #13 on 09.08.2011, Tuesday, 17:24:46 »
Конкретно јас не би се возел во кола која сама управува тоа е електроника која во секој момент може да откаже и да сврти во било која насока или сама да си додаде гас и др.

Да, но замисли овие уреди да се изработуваа „како што треба“, да не се штедеше на делови, да не се штедеше на материјал, да не се штедеше на интелектуален труд и секој систем да биде исцрпно тестиран пред да се пушти на продажба и да му се најдат сите можни грешки уште пред да отиде во масовно производство (зборувам за период на тестирање од 5, 6, 7 години, а не како сега, по половина година тестови и „ајде, масовно произведуваме коли“ :S). Е во таква кола не верувам дека нема да сакаш да се возиш ;D.

Додека сме кај GPS системот незнам дали е до парите за проширување на системот или стравуваат сонцето да не им ги уништи сателитите како што гледав на некој документарни емисии за сонцето збореа дека се јавиле многу дупки во сонцето кој сметале многу на сателитите се стравувало да не ги уништи па да останеме без телефони :)

Дури и да е така, има материјали на планетава со кои сателитите може да се направат поиздржливи и поквалитетни, но повторно тоа значи трошење на повеќе пари. Значи пак на крајот, се се врти околу тие проклети пари :S. Не е дека не може да се направи нешто, туклу едноставно се нема мотивациај ако некој нема финансиски ќар од тоа :S.
Значи, на крајот, пак се сведува се на монетарниот систем, не се произведуваат квалитетни прозиводи бидејќи тоа би значело трошење на повеќе пари, повеќе време, а со тоа, твојот производ веќе не е конкурентен на пазарот :S.

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Day Made of Glass
« Reply #14 on 09.08.2011, Tuesday, 17:25:52 »

А, тоа што викаш за сонцето вистина е, ова година се очекуваат неколку експлозии на сонцето, којшто можат да предизвикаат оштетување на сателитите.

Сонцето може да нанесе сериозни проблеми на сателитите само во случај на зголемена сончева активност која не е честа појава. Денешните сателити е речиси невозможно да им се наштети што не беше случај со старите сателити.
Сериозен проблем е доколку се пушти т.н. сателит терорист па да уништи одреден сателит или пак некој од земјата да направи силна интерференција и така да го загуши ГПС сигналот па да настане прекин во прием сигналот од сателитите.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.