Конкретно јас не би се возел во кола која сама управува тоа е електроника која во секој момент може да откаже и да сврти во било која насока или сама да си додаде гас и др.
Да, но замисли овие уреди да се изработуваа „како што треба“, да не се штедеше на делови, да не се штедеше на материјал, да не се штедеше на интелектуален труд и секој систем да биде исцрпно тестиран пред да се пушти на продажба и да му се најдат сите можни грешки уште пред да отиде во масовно производство (зборувам за период на тестирање од 5, 6, 7 години, а не како сега, по половина година тестови и „ајде, масовно произведуваме коли“ :S). Е во таква кола не верувам дека нема да сакаш да се возиш
.
Додека сме кај GPS системот незнам дали е до парите за проширување на системот или стравуваат сонцето да не им ги уништи сателитите како што гледав на некој документарни емисии за сонцето збореа дека се јавиле многу дупки во сонцето кој сметале многу на сателитите се стравувало да не ги уништи па да останеме без телефони
Дури и да е така, има материјали на планетава со кои сателитите може да се направат поиздржливи и поквалитетни, но повторно тоа значи трошење на повеќе пари. Значи пак на крајот, се се врти околу тие проклети пари :S. Не е дека не може да се направи нешто, туклу едноставно се нема мотивациај ако некој нема финансиски ќар од тоа :S.
Значи, на крајот, пак се сведува се на монетарниот систем, не се произведуваат квалитетни прозиводи бидејќи тоа би значело трошење на повеќе пари, повеќе време, а со тоа, твојот производ веќе не е конкурентен на пазарот :S.