кај што е 3 е маса, од тука извади со помош на кабле поврзи една крокодилка за да можеш да ја приклучуваш со плочата која ја испитуваш
Не не, не е маса, тоа е излезот за звуникот, во BLT врска е изведен интерно засилувачот, така да нема маса за излезот (звучникот, слушалките, што и да е), си се врзува директно на излезот, каде што пишува Audio Out. А таа третата лемна точка е оставена фазла, ако некој сака да врзува „стерео“ за слушалки
(не дека ќе биде стерео
, туку да не мора да пушташ додатен кабел од L на R или обратно на џекот за слушалките, па е додатен и тој пин, да може директно да се пуштаат три жици, заедничката, L и R
).
За GND за крокодилката си има посебен конектор, каде што е означено GND (Shirm) има уште една „фазла“ лемна точка, таа е за крокодилката за маса
. Не ја означив на монтажната шема, мислев дека повеќето ќе сватат
И дали може да го употребам овој трансформатор за ова бидејќи така ми стои, TS 4/7, 4W, In 220v, Out 7v, и 0,3 А, ама јас мислам дека неможе пошто за ова склопче би одговарало само 4W малце напон и малце струја дава вие што викате ?
мислам дека ќе може да го изкористиш тој трансформатор, само провери кој регулатор го користи на влез гига, ако е 7805 може, ако е накој друг ќе треба да направиш мали измени околу напојувањето
Јас имам искроистено 7808, но трасерот ќе работи и со 7805, 7809, 7812... било кое од овие
. И со тој трансформатор кој го има BOBAN ќе работи без проблем, максимална потрошувачка му е околу 150mA, така да, без никаков проблем ќе работи со било какво трафо
. Добро, јас мерев на напон од 8V, на напон од 5V (со 7805) ќе биде малку поголема, ама ништо страшно, до кај 200mA, не би требало да биде повеќе од тоа
. И најмалечките трафа можат да ја издржат таа потрошувачка
.
Гига, дај кажи колкава е максималната моќност која ја дава ова на излез планирам нешто да ти ја модифицирам плочата
Може да даде 1.2W на 4 ohm со THD od 10%, иако мислам дека може да де до кај 1.5W со доста поголемо изобличување
. Доста јако е, колку мали компјутерски звучници, можеби малку појако
.
ме интересира точниот напон, точно колку струја влечи при минимална позиција на потенциометарот и при максимална
На 8V напон, севкупно, колото влечеше околу 150mA струја, а интегрираното коло се загрева доста, не можеш да го допреш, и не е добро да го „возиш“ во ваков режим цело време, ќе прегори за брзо време :S. Ако не повеќе, ќе му се скрати животниот век.
За на минимум кога е поставен потенциометарот, во празен од, беше некаде околу 15mA, или тука некаде, 12, 13mA... како и да е, малку беше
.
ама по грешка купив долгманест (како правоаголниче е грецот) (формата) и нема да го собере, треба со жички да го преповрувам, кога ќе набавам друг грец че го ставам. ај одам да го правам
Ако имаш стар модем, извади од него, нема да има проблем, кај мене таков ставив
.