Author Topic: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052  (Read 17577 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Opened on 06.08.2011, Saturday, 17:10:02 (Edited 14.05.2018, Monday, 00:44:33) »
Мислам дека оваа верзија од сигнал трасер со TDA интегрирани кола е постабилна, подобра и поедноставна од таа со TDA2822M ;). Овој пат не е само пробана на protoboard, туку и изработена на ППК, а пробана и во пракса ;). Колото супер си работи и до сега два уреди поправив со него (во принцип, главната причина за изработка на колово беа тие расипани уреди ;D), немаше никакви проблеми дури и ако се допре испитниот пин за +Vcc или -Vcc, интегрираниото коло не изгоре. И при краток спој на излезот супер се покажа интегрираното коло, немаше никакви проблеми ;). Исто така, морам да кажам дека е најмалиот сигнал трасер кој било каде сум го видел или направил ;D. Еве неколку слики од изработениот уред, а шемата и ППК-то можете да ги симнете од attachment-от ;).

















Шема, ППК и останата документација.

Code: [Select]
http://app.box.com/s/7qhz7oro24mnthlyys633hz6dmr7ulyx
Code: [Select]
http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/F796ACAC011546108F35BEF9ACE97F77W
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDATDA7052
« Reply #1 on 06.08.2011, Saturday, 17:16:57 (Edited 21.08.2011, Sunday, 16:48:18) »
Јас ова го имав изработено и не работеше како шо треба. Му кладов тда7052a, а требало тда7052.
Во даташит гледав дека е истото + ова тда7052а има и дц контрола(незнам шо е то).
И така не работи. Не е со грец и такви работи туку дирек да се укл на адаптер.
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDATDA7052
« Reply #2 on 06.08.2011, Saturday, 17:24:53 (Edited 06.08.2011, Saturday, 17:58:38) »
Јас ова го имав изработено и не работеше како шо треба. Му кладов тда7052, а требало тда7052А.
Во даташит гледав дека е истото + ова тда7052а има и дц контрола(незнам шо е то).
И така не работи. Не е со грец и такви работи туку дирек да се укл на адаптер.

Сигурно не си ја изработил оваа шема бидејќи јас ја имам направено и до сега ја немам презентирано никаде, па ни на форумов (не заради друго, шемава ја направив пред околу 10-тина дена ;)). Како и да е, сигурно работи, се е на една плочка, освен напојувањето (трансформаторот, кој е земен од полнач за мобилен телефон ;)). Не дека шемата е научна фантастика, ама сигурен сум дека барем во некоја компонента се разликувала од таа што си ја направил ;).

Земете си го TDA7052, не TDA7052A, не знам која е разликата, но јас го користев TDA7052, околу 40 денари е во BT, во други продавнички немам прашано, ама далеку од прескапо e ;). Сега ми текна, истово во Loging е 70 денари (или тука некаде беше, не ми текнува). На самото интегрирано коло има ознака од NXP (фирма ќерка на Philips, само за производство на електронски компоненти).

ПС: Сега видов, TDA7052A има DC контрола за Volume, така да ова коло не би ви одговарало за овој проект, ви треба оригиналното коло, TDA7052, за да може да работи колото ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Епа грешка направив во чекори.
Јас имам ставено тда7052А.
И затоа најверојатно не работи. А шемата ете ја подолу според која јас го праев ова мини појачалце.
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епа грешка направив во чекори.
Јас имам ставено тда7052А.
И затоа најверојатно не работи. А шемата ете ја подолу според која јас го праев ова мини појачалце.

Да, шемата е многу слична на мојата, со таа разлика што јас немам ставено филтерски кондензатор на влезот од колото, но останатите делови од колото (барем оние околу засилувачот, што се на излезот од засилувачот) се многу слични, но не и исти. На пример, јас имам ставено потенциометар од 100K на влезот за да не се оптеретува премногу степенот кој го мерите со сигнал трасерот. Плус, имам ставено кондензатор со работен напон од 100V за DC одвојување од степенот кој се мери со сигнал трасерот, како и две диоди за заштита од превисок влезен сигнал ;). Шемата е слична, но ова е шема за засилувач, а не за сигнал трасер. Симни го attachment-от од првиот post и разгледај ја шемата, ќе видиш дека има разлики, меѓу кои е напонот на напојување, јас одлучив да му ставам напон на напојување од 8V (или 9V, било кое од овие би одговарало), а на твоата шема напонот на напојување пишува дека е 3-6V ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Дада. Не ми беше муабетот дека не е твоја шемата. Се воочува разликата.
Оваа 2 шема е појачало за на моб. Подобро е да се напојува на 9В. Неможи ништо да изгори.
Баш овие дена ќе го клам правилното тда. Ко го купвав тогаш ми рекоја дека е исто ко тда7052.
Ама ете не било. позз
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
И јас немам сигнал трасер, баш ми се погоди, ете што ќе правам следно... ;) :)
Иначе овие кутиите од витропласт си ги испраксирал, машала, сериски ги штанцаш... ;D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Иначе овие кутиите од витропласт си ги испраксирал, машала, сериски ги штанцаш... ;D

Ќути, не да сум се испраксирал ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Само што го направив tracer-oв и добро е,проработе од прва ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Само што го направив tracer-oв и добро е,проработе од прва ;D

Нема што да не проработи ;D. Едно коло е и 5 околни елементи ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Giga можеш накратко да објасниш како се „барата“ со колово,јас мислам дека знам,ама не сум многу многу сигурен :D ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
ова колку што разбрав е само засилувачот така ?
а генератор на сигнал ?
требаше и тоа да го вградиш во исто кутивче, прост осцилатор со неколку транзистори доволно е да се направи, или пак со некој операционен :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Сигнал трасер (Signal Tracer) со TDA7052
« Reply #12 on 17.08.2011, Wednesday, 01:26:05 (Edited 17.08.2011, Wednesday, 01:32:14) »
Giga можеш накратко да објасниш како се „барата“ со колово,јас мислам дека знам,ама не сум многу многу сигурен :D ;D

Си монтираш еден испитен шилец (сонда) и си пипкаш низ колото, кај ќе најдеш музика, значи таму има сигнал ;), каде што нема музика, нема сигнал. Само што треба прво да му доведеш сигнал ;). Обично се користи за сервисирање или поправање на било какви уреди кај кои поради било кој причина сигналот е изобличен на излезот од уредот (мислам на аудио сигналот) или воопшто го нема, го следиш патот на сигналот преку воддовите, транзисторите, операциските засилувачи и кога ќе стигнеш до компонентата низ која не поминува сигналот (или го изобличува сигналот), значи таа е проблематичната, ја менуваш и продолжуваш понатаму да бараш ако сеуште нема сигнал на излезот, ако се појави сигнал, се е ОК, сте го поправиле уредот ;). Особено корисно е ако поправаш аудио опрема, засилувачи, системчиња, all-in-one DVD плеери (оние што имаат се во нив, и радио, и засилувач и DVD плеер, и USB...). Се разбира, може и за домашни аудио конструкции да се користи ;).

Споено мислење: [time]17 Август 2011, 00:29:30[/time]
а генератор на сигнал ?

Најдобро се испитува со музика, верувај ми, само со осцилатор тешко се забележува ако има изобличување на сигналот, увото тепко детектира такви изобличувања, од искуство, најдобро е со „реален“ адуио сигнал да се работи ;). барем во денешно време е тоа лесно, секое PC има аудио картица ;). Порано беше попроблематично, немаше секој во сервисот PC, па правеа и сигнал инјектори, сега имаш и транспортни MP3 плеери, ако толку ви е ќеиф да имате сигнал инјектор, најдете од некаде некој стар MP3 плеер и снимете во него 20 min синусен сигнал, 20 min триаголен, 20 min птравоаголен и пуштајте си ги едно по друго ;D.

Споено мислење: [time]17 Август 2011, 00:30:42[/time]
ова колку што разбрав е само засилувачот така ?

Во принцип да, но има две додатни компоненти за заштита на засилувачот од прејак сигнал кои ги немаат повеќето засилувачи (како диодите на влезот ;)).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Браво Гигават

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 558
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Дали знае некој колку бе ме коштале  сите делови од алфа ?