Дали би било добро да работи со тој звучник од 0.25W 8оми или да му ставам слушалки?
Тој звучник е преслаб, TDA7052 е засилувач со моќност од 1W. Ќе ти треба малку појак звучник, некој кој може да издржи моќност од барем 1.5W. Овој што го имаш ставено, можно е да изгори по некое време работа или ако наеднаш му донесеш сигнал со многу високо ниво на влез на TDA7052, а при испитување, можно е ова да се случи. Освен тоа, определени видови на изобличувања тешко се забележуваат со толку слаб звучник (претпоставувам изваден од некое PC). Со волку слаб звучник, сигнал трасерот најмногу ќе ти користи за установување дали на некое место има сигнал или не. Ако некој засилувач внесува определено изобличување, малку потешко ќе биде откривањето на овој проблем со волку мал звучник.
Вака со овј звучник има некој шум, но не пречи многу во работата на колото.
Тоа е сосема нормално. Секој сигнал трасер ќе има шум, првенствено бидејќи имаш „голи жици“ (сонда и крокодил штипче) на местото на кое нормално треба да има конектори, па TDA7052 фаќа и засилува се што е во околината (сондите и крокодил штипчето се однесуваат како антени). Освен ова, можно е да се јави и нискофреквентен брум ако трансформаторот е премногу блиску до самиот уред (мојот сигнал трасер го има овој проблем, но не е премногу големо нивото на брум, така да, не ми пречи премногу
, можно е целосно да се елиминира овој брум ако уредот се напојува од надворешен извор за напојување, на пример, адаптер или ако користиш батерија за напојување на сигнал трасерот
). Нивото на шум ќе се намали ако користиш оклопен кабел за мерната сонда
.