во јануари купив нов акумулатор BLACK EAGLE 55ah кој што пред некоја недела почна да ми прави проблеми, се празнеше без причина, алтернаторот со сигурност полни, а акумулаторот после неколку часа стоење се празни, константно го полнев, како се празнеше така јас го вадев и на полнач го ставав, арно ама, денес го оставив да се полни 5-6 часа, после полнењето го наместив и пробав да верглам, акумулаторот беше ептен слаб немаше сила ниту да го заврти анласерот, со отворена хауба верглав, и акумулаторот од една од келиите (или како се викаат оние капачињата) почна да чади и да чврча, како верглав така чврчаше, дали тоа значи дека е спремен за во одпад или да одам да им правам рекламација??