Author Topic: зошто чади акумулаторот  (Read 1895 times)

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
зошто чади акумулаторот
« Opened on 03.08.2011, Wednesday, 20:20:00 »
во јануари купив нов акумулатор BLACK EAGLE 55ah  кој што пред некоја недела почна да ми прави проблеми, се празнеше без причина, алтернаторот со сигурност полни, а акумулаторот после неколку часа стоење се празни, константно го полнев, како се празнеше така јас го вадев и на полнач го ставав, арно ама, денес го оставив да се полни 5-6 часа, после полнењето го наместив и пробав да верглам, акумулаторот беше ептен слаб немаше сила ниту да го заврти анласерот, со отворена хауба верглав, и акумулаторот од една од келиите (или како се викаат оние капачињата) почна да чади и да чврча, како верглав така чврчаше, дали тоа значи дека е спремен за во одпад или да одам да им правам рекламација??

Offline Ilcebt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 278
  • Gender: Male
Одг: зошто чади акумулаторот
« Reply #1 on 03.08.2011, Wednesday, 20:34:37 »
Полни го 24часа ако е пак слаб замени му ја киселината пред да да туриш нова ичисти го со Деминерализирана/Дејонизирана (Дестилирана) вода  ;)
Кога ќе дојдеш да читаш на форумот не дреми и не биди скржав. Помагај и ќе ти биде помогнато ! Правила ;)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: зошто чади акумулаторот
« Reply #2 on 03.08.2011, Wednesday, 20:53:34 »
отишол... ако имаш гаранција оди буни се можит ќе постигниш нешто... И на брат ми на чоперот му рикна... ама тоа е ,... Инаку седен пат би ти препорачал сув акумулатор, демек поарни се. 

stefanjanevski

  • Guest
Одг: зошто чади акумулаторот
« Reply #3 on 04.08.2011, Thursday, 11:25:32 »
Баш денес јас го менував со татко ми, истиот проблем, ама мојот беше стар 5 години. Значи проблемот нема да го решиш, една од келиите, таа што чадела, е пробиена, за тоа лек нема. Ама има по продавничкиве низ Скопје, да им го однесеш стариот, и кога ќе купуваш нов да ти дадат попуст. Попуст од 300 до 500 денари. Сеа не знам дали се исплати во отпад да го носиш, кај мене го плакаат 13 денари кило.

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
Одг: зошто чади акумулаторот
« Reply #4 on 20.08.2011, Saturday, 01:27:50 »
во јануари купив нов акумулатор BLACK EAGLE 55ah  кој што пред некоја недела почна да ми прави проблеми, се празнеше без причина, алтернаторот со сигурност полни, а акумулаторот после неколку часа стоење се празни, константно го полнев, како се празнеше така јас го вадев и на полнач го ставав, арно ама, денес го оставив да се полни 5-6 часа, после полнењето го наместив и пробав да верглам, акумулаторот беше ептен слаб немаше сила ниту да го заврти анласерот, со отворена хауба верглав, и акумулаторот од една од келиите (или како се викаат оние капачињата) почна да чади и да чврча, како верглав така чврчаше, дали тоа значи дека е спремен за во одпад или да одам да им правам рекламација??
Да не ти ја кради струјата радиото или нешто друго па и нов кога ке купиш да ти се расипе

stefanjanevski

  • Guest
Одг: зошто чади акумулаторот
« Reply #5 on 20.08.2011, Saturday, 08:26:29 »
Денес баш се занимавав со поправка на такви работи. Значи може да е проблем до едно делче што се нрекува реглер, чијашто улога е да ја намали струјата што влегува во акомулаторот во текот на возењето. Треба кога е запалена колата на акомулаторот да влегуваат максимални 14 волти, воколку влегуваат повеќе, во овој случај кај мене 17 -18 волти, може да се деси пукање и чадење на акомулаторот и може да ти пукне на сред возење. Така да земи си еден унимер и измери си.

Offline stealek

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
  • Gender: Male
Одг: зошто чади акумулаторот
« Reply #6 on 20.08.2011, Saturday, 17:00:08 »
акумулаторот ако чади на една од ќелиите тогаш тој со сигурност ти е пробиен бидејќи некаде е рекинат и струјата тече помеѓу оловните носачи на ќелиите и киселината,и таа ти зоврива, провери кога ќе го ставиш на полнач дали истата ќелија врие одма кога ќе го вклучиш на полнење,ако вре тогаш е 100% пробиен, и оди купи си нов, можеби тој ќе ти се погоди 8)

Offline stefan1984

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 116
Одг: зошто чади акумулаторот
« Reply #7 on 02.11.2011, Wednesday, 23:18:24 »
Ako zemas nov sap vesna gi pravat po varta liccenca a blask horsot egle se tesko gubre repariram polovni akomulatori i celosno istroseni mnogu mi imaat doneseno black horse srbive nesto zezaat loso olovo vgraduvaat, ako saks ekstra exide zemi si. Latinica pisuvam nov mi e late bookot nema cd kako da stavam font

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: зошто чади акумулаторот
« Reply #8 on 03.11.2011, Thursday, 00:04:26 »
Latinica pisuvam nov mi e late bookot nema cd kako da stavam font

Треба да смениша поддршка само, не треба да инсталираш фонтови. Македонска поддрка на Win7 се инсталира многу слично како на XP. Во тоа Search Box-от на Start-от пишуваш Language Settings и ќе ти извади десно едно линкче, кликаш на него и таму ги има подесувањата за јазик и поддршка на Македонски ;). Го додaвaш на листата на јазици Македонски (освен English US) и си ги менуваш со Alt+Shift ;), исто како на XP.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."