Author Topic: Правила за користење на Чет апликацијата  (Read 11225 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Правила за користење на Чет апликацијата
« Opened on 28.02.2010, Sunday, 19:52:31 (Edited 01.03.2010, Monday, 01:57:38) »
-Официјален јазик на четот е македонскиот а писмото кирилично.
-Пред се користете го форумот за вашите дискусии но доколку сакате во живо да разговарате за појаснување на некои работи кои не можете да ги разјасните преку форум користете го четот.
-Кога ќе влезите во четот, доколку се води некој муабет немојте да ги прекинувате тие што го водат и не ја менувајте темата но причекајте ги да завршат со својата дискусија а потоа вие настапете или ако имате некоја информација за темата приклучете се.
-Доколку сакате стриктно да разговарате само со еден член започнете приватен разговор со него а не да пишувате врз некоја тема која веќе ја водат членовите.
-Не е дозволено да се ставате над другите корисници, на пример да пишувате: ТИШИНА, прекинете, доста!
-Забрането е пишување цели реченици  со големи букви.
-Забрането е спамирање на каналот со пишување на рекламни линкови од страници кои немаат врска со електроника.
-Забранет е флод  (flood) односно пишување на една иста содржина (бројки, букви или знаци) по неколку пати едно подруго.
-Забрането е навредување по било каков основ на било кој член.

Доколку корисникот ги прекрши правилата ке биде опоменат но доколку истото се повтори ке биде времено отстранет од четот.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.