Author Topic: 2X150W транзисторски аудио засилувач  (Read 14874 times)

Offline ace-bitola

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
2X150W транзисторски аудио засилувач
« Opened on 31.07.2011, Sunday, 11:42:15 (Edited 31.07.2011, Sunday, 12:37:35) »
Еве еден квалитетен засилувач кој го завршиф и сум многу задоволен од него.Овај засилувач го изработив бидејќи ми го пофалија а и мене ми се свиѓаше шемата.Оргиналната шема е за со излезни дарлингтон транзистори BDW83D и BDW84D, ама јас му направив дарлинктон со 2SC5200 со 2SC4793 како NPN и 2SA1943 со 2SA1837 како PNP најдолу е дадена и шемата за нив јас не му ги кладов диодите ако сакате можите да му клајте 1N4007.
Појачалото напраено со овие транзистори изваде max 150W на 8 ohm а со дарлинктони требаше да извади 100W.Вака одлучив да го направам бидеќи неможев да најдам квалитетни дарлингтон транзистори.Купив транзистори BDW83D и BDW84D и појачалото неќеше ништо живо да работи цел позитивен напон ми го вадеше на излез послем излезе дека BDW83D е всушност BDW84D бидејки имаја непраено фабричка грешка и цела таја серија беа такви PNP транзистори.Мирната струја ја подесив на 50mA и го работам на +-42V со максимална струја 2,5A ако сакате вака да го свирите на  4 ohm ќе му треба поголема струја .Подолу е исто дадена шемета за мек старто со DC заштита која ја употребив да напоменам дека на мек старто треба неговата маса да се врзи со масата на појачалото.Електролитите ми се 6800uF/63v отпорниците паралелоно со електролитите се 2,2к/2W а можи и 1W и осигурачите се 3,15А. Шемата и листата на елементите кој ги имам јас дадено се различни од тие на дадениот линк.Имаше некој намерни грешки во шемата што јас ги отстранив.Калемот го намотаф на R14 10 намотки со 1,1мм жица бидеќи таква имав при рака, а можи од 0,8мм нагоре.Транзисторот Q7 и диодите D7, D8 треба да се залепени за ладилник бидеќи тие ќе бидат во термичка спрега и нема да му дозволат да изгорат излезните транзистори од прегревање.Како замена за Q2 и Q10 ми кладов BD139 и BD140 и на нив треба да се монтират мали ладилничина. Ладилникот на излезните незнам дали ке му биди доволен бидејќи немав звучници за до го оптеретам но ако греј ке му монтирам еден кулер. Ми остена уште да напрам звучници планирам да му прам тросистемски. Кој ке го напрај ке биди задоволен од него и ке ужива во музиката.

Code: [Select]
http://english.cxem.net/amplifier/amplifier25.php
Следуваат слики од изработката на појачалото








































Offline dejanpetrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
  • Gender: Male
  • Кратово
браво колега супер изработено и јас планирав да го прававам сега овој засилувач па овој пост ми дојде како добредојден  :P со здравје да си го користиш
admin: не ставај рекламни потписи за други форуми

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: 2X150W транзисторски аудио засилувач
« Reply #2 on 31.07.2011, Sunday, 12:31:59 (Edited 31.07.2011, Sunday, 12:34:52) »
Со здравје да си го користиш и долго да те служи... :)

Јас кога би го правел неколку работи би сменил - плочките би ги ставил една до друга на ладилникот, а не една врз друга, заради подобро предавање/одведување на топлината, обавезно трожилен кабел за напојување и заземјена кутија, од сликите гледам дека имаш ставено двожилен и влезните пинови би ги оддалечил максимално од мрежниот кабел.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline ace-bitola

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Фала поубав да си напрајте
Да можеше ќе ги напраеф една до друга плочките ама немаше место и джекојте немаше друго место кај да ги клам да беше поголема кутијате ке му клаеф и ладњак поголем ама добро е и вака

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
одлично изработено.Но гледам си го имитирал Дарк од натпреварот? ::) за заштитата мислам си го имитирал.Зашто има 4 трафо,наместо 2?Или тие 2(помали) се за заштитата?Таа заштитата е за два звучника или за еден?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Хмммм... интересен дизајн на декорацијата на кутијата ;). Ми се допаѓа ;). Со здравје да си го служиш ;).

Гледам дека исто како мене ги монтираш плочките ;D, една врз друга, и јас исто го правам поради заштеда на простор, најчесто сакам уредите да ми се екстремно компактни ;D. Нема ништо лошо во тоа освен (како што спомна LordZi) одведувањето на толина, ама и тоа може да се искорегира со монтажа на кулер ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline mende davitkovski

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 120
  • Gender: Male
браво школски супер си го направил  :) со здравје да си го користиш  ;)

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Оти има толку мн трафоа ???
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline ace-bitola

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Одг: 2X150W транзисторски аудио засилувач
« Reply #8 on 31.07.2011, Sunday, 18:40:50 (Edited 31.07.2011, Sunday, 18:45:36) »
Секое трафо има по 32,5V а на тие двете што се со клеми на нив на нив има намотано 2x9V и се редно врзани што би значело 18V наизменичен а прав 24V за мек старто
И да мек старто е за два звучника бидеќи има дупло реле

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
а кутијата од што ти е?Маската дали сам ја правеше(црташе) и во која програма?

Offline ace-bitola

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Кутијата ја порачав, а маската сам ја правев и ја нацртав во Sprint-Layout

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Кутијата ја порачав, а маската сам ја правев и ја нацртав во Sprint-Layout
од каде е нарачана и по која цена?

Offline MartinSk

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 647
  • Gender: Male
супер сработено колега и сакам да те прашам дали си задоволен од звукот дека овој проект го имаше во емитер и веќе почнав да го правам, и мене ме интересира од кај ја нарача кутијата дека и мене ке ми треба хх :))

Offline ace-bitola

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
да задоволен сум од звукот, а за кутијата за жал неможи поќе да се порачват јас оваја ја имав порачано пред пола година и таја ми беше последна

Offline tomce

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
ај да те прашам за цена

колку те чинеше се, планирам нешто да изработам, па да знам, фала унапред