Дали може некој да ми каже каде згрешив ?
Купив 2 неонки по 18 вати за во кујна. Електронски неонки или како ли се викаат. Комплет, само да ја монтираш неонката и на самата неонка има прекинувач. Поврзувањето го направив директно на доводот на струја, не беа поврзани сериски (двете неонки приклучени на исто место). Си работеа и двете, се во ред. Но, при тестирањето, додека беше вклучена едната пробав да ја вклучам и другата неонка. Тогаш испука неонката што пробував да ја вклучам. Односно на неа се познаваше само поцрнет дел... А покасно ми се зафркна и првата неонка. Се прашувам каде имам згрешено? Може ли некој да ми помогне?