Ако ти е само за плочки правење и повремено принтање по некој лист, тонерот ќе ти трае со години, а иначе има разлика во квалитетот и траењето помеѓу оригинален и полнет тонер, ова ти го кажувам од искуство пошто на работа имаме неколку ласерски принтери што секојдневно се користат. Освен тоа, според тоа што пишува по странските форуми за правење плочки најдобро се покажале HP принтерите, барај прво таков ако најдеш.