За никој да не ја повтори мојата грешка.
Како што веќе пишував,дека имам намотано на секундарот 5 навивки, се покажа дека трансформаторот грее превише, на примарот влечеше 40 ампера струја при заварување, во празен од имаше 4.6 волти, па затоа денеска го премотав, извадив 2 навивки, и додадов паралелно уште една жица, така да сега имам 3 навивки по 3 жици паралелно по 10мм2(вкупно 30мм2),, сега и заварувањето е небо и земја спрема претходно, и имам 2.5 волти во празен од. Кога ја мерев струјата на примар беше 23 ампера при заварување, сега е чисто солидно.
Си набавив и добар бакар за електродите
Дури подобро би ми било да имам само 2 намотки, така би ми собрало и уште една жица, а највероватно и ке влече и малку помалку струја на примар.
Почитуван puknati,
Како што видов од претходните слики, секундарите ти се поврзани паралелно.
Сега си менувал броеви на намотки на секундарите. Дали повторно ти се поврзани паралелно?
Колкава струја ти влече/троши уредот во празен од? - кога не ти се кратко споени елктродите преку лимот кој го пунктираш.
Како што ги прочитав постовите од почеток, во претходните постови ти имаат колегите предложено секундарите да се во серија.
Греењето и големата струја може да се појавува и од паралелната врска на секундарите, незнам колку е можно идеално да имаш исти напони и при исти број на навивки, а не пак ако примарите имаат различен број на навивки (пример трафоата потекнуваат од различни микробранови).
Можеби треба да пробаш варијанта секундарите да ги поврзиш сериски, но да имаат помалку број на навивки со подебела жица, и се разбира да се надополнуваат во напонот (да бидат во фаза, а не во противдаза - да се поништуваат.)
Поздрав.