За никој да не ја повтори мојата грешка.
Како што веќе пишував,дека имам намотано на секундарот 5 навивки, се покажа дека трансформаторот грее превише, на примарот влечеше 40 ампера струја при заварување, во празен од имаше 4.6 волти, па затоа денеска го премотав, извадив 2 навивки, и додадов паралелно уште една жица, така да сега имам 3 навивки по 3 жици паралелно по 10мм2(вкупно 30мм2),, сега и заварувањето е небо и земја спрема претходно, и имам 2.5 волти во празен од. Кога ја мерев струјата на примар беше 23 ампера при заварување, сега е чисто солидно.
Си набавив и добар бакар за електродите
Дури подобро би ми било да имам само 2 намотки, така би ми собрало и уште една жица, а највероватно и ке влече и малку помалку струја на примар.