Подобри стави помалце намотки (2-3) подебела жица, или ако немаш може повеќе парчиња потенка паралелно (заедно).
Погледај на сликата, црната и жолтата жица(по 2 намотки), пробав различни комбинации, ги поврзував сериски и паралелно(вкупно 20 мм2), па додадов уште една сериски, и така увидов дека е најдобро, експериментирам уште утре па ќе видам каква жица ке ставам и колку намотки.
Бојан,ма доста е и еден мм...
Споено мислење: [time]17 Септември 2011, 19:13:52[/time]
Денеска се намотани двата трансформатора, ставив 5 навивки, го намотав со 2 жици од по 10 мм2 паралелно, значи вкупно имам 20мм2,испробував и така ми дојде некако најидеално, да напоменам да испробав како се понаша со различен број на навивки, ја мерев и струјата, и зависи што имам поставено за"куса врска", струјата оди дури и до 500-600 ампери,и брзо опаѓа како се усвитува телото што е на електродите, напонот на секундарот ми е 4.7волти. Ги мотав со полн пресек жица, ама поштено сум се изнамачил
Uploaded with
ImageShack.usСе надавам дека утре ќе ја направам конструкцијата, али ми недостасуваат стегички...
Ќе морам да го направам и она колото со 555, бидејќи знае и да пробуши тенки лимови, а ќе морам нешто да му смислам и да се исклучува едниот трансформатор кога ке заварувам потенки лимови, се на се, засега сум задоволен од тоа како работи...