Епа прво треба да одбереш звучник и звучна кутија. Во оваа градба не сум многу вичен, така да подобро да почекаш да ти пише некој кој повеќе се разбира од оваа проблематика. Јас би одле со комбинација „копија на некое шкартно комбо од кај нас“, не ради друго, и звучниците кои ги има во тие комбоа не се нешто баш нај нај, а такви „не нај нај“ звучници може лесно да се најдат кај нас, така да, по некоја ваква логика би одел
. Каде би можел да најдеш звучник, исто така, појма немам
, одамна сум го баталил ова
. Освен ZEC на друга продавница не ми текнува. Ако веќе имаш купено звучник, пиши димензии и ако можеш сликај го, колку за да свири „како така“, ќе му се најде некое чаре, или провери на net, можеби некој баш со некој таков звучник градел кутија, па и он заглавил некаде, па учи од неговото искуство
. Никогаш не се знае, online можеш многу ствари да начекаш
.
Повеќе можем да ти помогнам со дизајнот на предната плоча и општо кутијата на засилувачот (треба да е одделена од звучната кутија) одколку со самата кутија за звучникот. За тие звучни кутии само знам дека во 99% од случаите се отворено одзади и имаат само една преграда од прилика до половина од висината на звучната кутија, зошто, не знам, најверојатно резонираат определени фреквенции кај таква конструкција.