Еве уште една варијанта на тема електронски товар, оваа е со LM358 и мосфет на излезот, шемата ја има во ПДФ документот најдоле, струјата на оптоварување може да се менува од 0 па се до околу 14-15А, независно од напонот на приклучениот уред или батерија. Деловите се ефтини и лесно достапни кај нас, единствен критичен дел е потенциометарот кој треба да е десет-обртен за да има прецизна регулација на струјата. Го има во логинг, ама кога прашав цената му беше 700ден.
, е сега мене не ми се даваа толку пари на потенциометар, па решив сам да си направам и еве го резултатот
Супер си функционира, направен е од стар потенциометар со пластична рачка и повеќеобртен тример за помалку од саат, а иначе е попрецизен од тој купечкиот бидејќи тримерот е триесет-обртен
. Тримерот е иначе залепен, стегнат со пластични стеги и повторно залиен со лепак, осовинката се врти многу лесно, со еден прст
.
Еве и некоја слика од целиот склоп, на местото на излезниот мосфет ставив четири комада 100V, 230W, 41A мосфети што се нашле по дома, отпорникот е 0,12оми во метално куќиште и со него максималната струја со која може да се оптовари уредот е околу 14-15А
И покрај тоа што транзисторите не се загреваат многу (при 12А струја ладилникот е млак на допир
), ги наредив со кулери, сега со мирна глава може да го оставам цела вечер уклучен при максимална струја
Сега останува уште да му направам волтметар и амперметар и да се смести во кутија
.