Author Topic: Засилувач на УСБ за компјутерски звучници  (Read 1883 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Доста пријатели имаат проблем со малите компјутерски звучници на кои најчесто им прегорува мрежниот трансформатор.Проблемот е што овој трафо е минијатурен и тешко се наоѓа адекватен на пазарот.И цената е скоро 1/2 од цената на новите звучници.Решението го баравме во вградување УСБ кабел на самата плочка,но постоечките ИК ( обично ТДА 2822 !) на 5 V слабо работат! Затоа започнав со *производство * на вакви уредчиња на кои се прикачуваат 3,5 мм џек со кабел и самите звучници.Имам неколку направено и залиено со аралдит ( забарска пластика) па изгледаат сосема пристојно.Еве шема,но внимавајте на димензиите на плочката бидејки таа директно влегува во УСБ портот  :D Водовите е пожелно да се посребрени или барем калајдисани ! 8) (Да не биде реклама - проводно сребро може да се набави во Алфа електроника!)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Батка, малце офтопик, да не знаеш кај има да се купи аралдит кај нас, мене порано некои роднини ми носеа од охис , од нивниот што им беше за интерна употреба, ама го затворија.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Јас го позајмувам од еден другар ,заболекар.Мислам дека го купува во некоја продавница на РЕПЛЕК (барем така мислам се викаше!?) некаде спроти Градежен факултет.Таму продаваат заботехнички материјали.Иначе и во Велес има близу до мене фирма која работи со такви работи,ке прашам.

stefanjanevski

  • Guest
Овој уредов што го имате ставено за изработка го има во Еми медиа, и мислам дека целиот е околу 300 до 400 денари. Сеа баш и не знам дали ќе се исплати да се прави. Тоа интегралното коло ТДА колку ќе те кошта да го купиш, а и прашање е дали го има кај нас.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Здраво
Ме интересира до кои мили амепери ке дава УСБ конекторот? која снага ќе се извлече ?

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
максимална струја што може да ја даде USB порт е 0,5А или 500mA..повеќе од тоа и ке ти цркне матичната...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Цената на интегралчето на големо е 40 денари,а целата конструкција не чини (за 10 парчиња!!) повеке од 800 денари.Најефтиниот пар звучници кај мене е 240 денари. ЕМИ се малку скапечки! :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Здраво
Ме интересира до кои мили амепери ке дава УСБ конекторот? која снага ќе се извлече ?

максимална струја што може да ја даде USB порт е 0,5А или 500mA..повеќе од тоа и ке ти цркне матичната...

Зависи од матична плоча до матична плоча, некои може да дадат и 1.5A, нема баш некое правило. Најпрецизно можете да определите доколку ги видите ознаките на MOSFET драјверите за USB портите на матичната плоча, да симнете datasheet и да видите која им е максималната струја која може да протече низ нив ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."