Едно предупредување, ваквото пуштање на фреквенции служи за краткотрајно тестирање, ако го оставиш цел ден да свири, лесно може да се случи да изгорат звучниците па дури и појачалото особено на поголема гласност.
Појачалото и звучниците се направени да репродуцираат музика, а ниедна музика не трае цел ден со една иста (максимална) гласност, односно ниедна музика не се состои од синусни тонови со максимална гласност.