Да се вмешам, значи што сакаше да каже LordZi: Имено, секој звучник си има свои параметри кои се нарекуваат Thiele-Small параметри. За подетални информации видете тука:
http://en.wikipedia.org/wiki/Thiele/Small
Значи кратко: тие параметри ја отсликуваат механичката карактеристика на самиот звучник. Овие параметри ги даваат посериозните производители во нивниот документ а поевтините звучници немаат такви параметри а нивното реално мерење со професионален инструмент чини пари но не колку професионален звучник
Што со тие параметри, зошто воопшто да се „мачиме“?
Се работи за зголемување на таканаречената ефикасност на звучникот што е многу битна. За еден звучник (драјвер, бас) да извади најголема ефикасност (да свири најгласно можно со дадена моќ) мора за него да се изработи кутија по формули во кои се користат овие Thiele/Small параметри.
Најголем проблем има при правење на бас-рефлекс кутии (со дупка, цевка - тунел). Имено, секој дизајн на бас-рефлекс кутија (димензии и позиција, големина и дијаметар на цевка) е специјално пресметан за одреден звучник према неговите Thiele/Small параметри. Секое ставање на друг звучник во таква кутија ќе доведе до
намалување на ефикасноста на ставениот звучник од максимално можната ефикасност која може да ја постигне (а со тоа и послаб бас).
Затоа најдобро е доколку се има звучник кој нема карактеристики (или ни е скапо да платиме мерење) да направиме кутија од затворен тип- компресиона кутија бидејќи кај тој тип на кутија битен е само волуменот а не димензиите и „штимањето“ на отворот и веројатно ќе добиеме појак (и подлабок) бас отколку промашена бас-рефлекс кутија.
Се разбираме?