Првишната шема е направена и работи!
R на капацитивен елемент се пресметува како :
Xc = 1 / (2*pi*f*C)
Во нашиот случај, 1 / 314 * 0.0001 = 31.8 ohm.
Да речеме дека диодата е стандардна диода која што работи на 2.2 волти и дека имаме пад на напон од 1.2 волти од грецот значи 3.4 волти пад на напон во целото коло. Доколку ова го пресметаме за диодата имаме, Idioda=(220-3.4)/32 = 6.7 A
6.7 Ампери ќе повлечи диодата.
Забораваш една работа, кондензаторот е врзан сериски, не пралелно . Плус, на другиот крај на кондензаторот му доаѓа еднонасочен напон, не наизменичен .
Малце контрадикции имаш овде ако може да кажам. Тоа што е сериски врзан е баш така за да игра улога на отпорник во коло со наизменични сигнали т.е. да донеси импеданса во колото (во овој случај ја имаме имагинарната вредност на импедансата оти нема никакви отпорници во колото т.е. jX
c)
За другото. Кондензаторот како проводник работи само во наизменични кола, значи ако (ќе докажам дека на кондензаторот не му доаѓа никаков еднонасочен напон) кондензаторот има наизменичен напон на едниот крај, значи работи во блокирачки режим и значи нема низ него да протече струја, значи диодата воопшто нема да светне.
Ајде да видеме што се случува во колото. Како прво, затоа што колото има само еден реактивен елемент (кондензаторот) кој што ја прави струјата така што аголот тета за фазата меѓу струјата и напонот е пи-пола (90 степени) (струјата претходи на напонот за 90 степени кај кондензаторите) ќе претпоставам дека ова не е воопшто важно (затоа што ако ова е важно диодата ќе светне за T/4 време покасно од донесувањето на напонот што ама ич не праи разлика).
За да се докаже дека низ кондензаторот тече наизменична струја, ќе се употребе тевененовата теорема на линеаризација на кола. Што праиме, ги откачуваме диодите и лед-от и нив ги заменуваме со еквивалентна шема на внатрешна тевененова импеданса. Доколку оваа импеданса (која што може да се каже е чисто пасивна т.е. нема имагинарен дел), тоа значи дека тој линеарниот дел од колото не придонесува за никакви промени во фазите на струите и напоните во колото. Значи низ линеарната мрежа што е составена од грецовиот спој и лед диодата ќе си тече наизменична струја, автоматски значи и низ кондензаторот.
6.7 Ампери ќе повлечи диодата.
Абе, ај провери си ги меркиве - 6,7А?!?! Не е ова стерео појачувач од 2х 100W .
Драг batka, незнам зошто мислеш дека нешто сакам да кажам погрешно. Претпоставувам дека знаеш како се однесуваат кондензаторите како и соодветните равенства за нивна работа (како и на другите реактивни елементи), најважното равенство што ни треба е пресметување на субцестанцата X
c на кондензаторот со формулата што ја пишав погоре. Доколку мислеш дека сум направил грешка во пресметките (од математичка гледна точка) слободно пререши го равенството и види што резултат ќе добиеш.
Е сега, зошто ова би можело да работи ? Па, како што спомнав погоре, лед диодата не е чисто линеарен елемент (има една огромна формула на википедија за тие што ги интересира повеќе) т.е. се однесува како реактивен во коло со простопроменливи струи и напони (нашето овде што го разгледуваме).
Се разбира луѓе сме, доколку мисле некој дека сум грешка слободно нека ми каже, но би сакал и да ме поправи за да знам во иднина
(нели затоа сме тука, да си го подобриме знаењето)