Вака, ако ставиш само отпорник ќе имаш проблеми со зуење од алтернаторот, но бидејќи влезот на TDA1562Q е диференцијален ќе направиш вака:
1. Ни еден од влезовите на TDA1562Q нема да го поврзеш на маса!
2. На излезите од радиото мора да има потрошувач, или нека си има звучник и од него земаш сигнал или стави отпорник од 100 оми/2W наместо звучник.
3. Од секој излез (+ и -) пушташ отпорник од 10К кон секој од влезовите на TDA1562Q.
4. Кондензаторите што се на секој влез на TDA1562Q мора да останат!
5. Ставаш тример отпорник од 1К помеѓу двата влеза после отпорниците од 10К, на самиот влез од TDA1562Q пред кондензаторите нормално.
Со тримерот од 1К ја штелуваш гласноста, т.е. вака:
1. Поврзуваш звучник на излезот од радиото.
2. Пушташ некоја техно музика.
3. Го пушташ радиото додека почнеш да слушаш грчење и го намалуваш малку пред да се појави грчењето (да нема грчење, т.е. изобличување).
4. Го подесуваш тримерот од 1К до ниво да засилувачот со TDA1562Q почне малку да грчи (изобличува).
5. Подесен си на најгласна комбинација - радио/засилувач и може да уживаш.
Се надевам дека ме разбра, сепак ова е теорија пробај да експериментираш со вредностите на елементите за да ја добиеш бараната гласност.