Здраво Форумисти љубители на добар звук!
На овој пост сакам да помогнам со еден комплетен проект како правилно се дизајнира (проектира) еден ТL-звучник!
За почеток при проектирањето се избираат драјверите (звучниците) кои ќе учествуваат во проектирањето на звучната кутија.
Бидејќи имам изработено засилувач со познатото коло
LM1875 решив во проектот да користам басс звучник од 8оми со моќност од 30W(rms)!
Затоа рашив ваков тип на басови да барам по интернет,.... па по неколку часовно веслање (сурфање) ги најдов овие басс звучници кои можете да ги видите на веб страната:
http://www.audiomate.co.uk/proddetail.php?prod=L022C
Како што можете да видите oд сајтот: басот носи ознака
L0220C и кај него резонантната фреквенција е само Fs=32Hz која гарантира длабок басс, вистинската моќност му е Po=30W(rms)/8оми, музичката Ppik=60W, а фреквенциското подрачје е од 35...10.000Hz итн,...по димензии се доста мали, со отвор во дрвенаријата од звучникот од само 134mm!!!
Едиствена маана, ако може така да се каже, е малата осетливост од 84dB!??
А на веб страната:
http://www.audiomate.co.uk/proddetail.php?prod=L062G
се наоѓа високотонецот
L062G со фреквнтен опсег од 1500.....20.000Hz и со осетливост од 92dB итн.
Цената им е ептем прифатлива (таа е дадена на веб сајтот во фунти).
За да продолжам понатаму со проектирањето на ТL-кутијата потребно е да ги набавам овие драјвери.
Зато прашувам: на кој начин и каде можам да ги купам овие звучници овдека во Македонија или во странство?!
Дајте помагајте за да можам да продолжам понатака со проектов!
Значи прв чекор е купувањето на комплетот звучници!!!
Форумџии чекам ваша соработка со брз одговор за решавање на проблемов за купување-набавка на звучниците за да можам да продолжам понатаму со проектов! П.С.
Ајде побзајте па да продолжам понатаму!!
Администрација: Научи се да кодираш линкови во иднина иначе постовите ќе ти бидат избришани!