Прво, тастатурата ќе ја ставиш во легенче во кое има мешавина на сјај и вода (мислам на пластиката, гумените подлоги, електрониката и контактната фолија не треба да се ставаат во тој раствор
). Ќе почекаш околу 5, 6 часа сите нечистотии (шеќер, кафе, прашина, што и да е
) да се растворат во растворот. Потоа, ќе ги извадиш пластиките од растворот (типките со предната плоча и задната плоча) и убаво ќе ги поминеш со вода. Ќе ги оставиш на сонце еден ден да се исушат убаво. Не ги суши со фен, може да не бидат исушени убаво, само проблем ќе си направиш со понатамошниот процес.
Е сега доаѓа на ред тешкиот дел. Во еден шприц со игла (иглата не треба да биде предебела, но не треба ни да биде многу тенка, од прилика, големина со која ти земаат крв од вена, не знам точно која големина е тоа, но ако побараш во аптека, ќе ти дадат, во некои аптеки може и бесплатно да ти дадат игла, особено ако изгледаш „сомнително“ како мене
) ќе вшмукаш неколку ml моторно масло, под услов да не било користено
. Доволно би било околу 10ml, иако мислам дека и тоа е премногу. Потоа, ќе ја превртиш пластиката со типките и од обратната страна (од страната каде што стои контактната фолија) на секоја од типките ќе вбризгуваш по малку од моторното масло, многу малку, помалку од една капка. По секое вбризгување, ќе ја „разработуваш“ типката (ќе ја мрдаш горе долу со прстот за да може убаво да се распредели моторното масло низа целата контактна површина на типката и пластиката која ја држи истата). Ова е долг и мачен процес, но ако си приврзан за определена тастатура (како мене
), ќе мораш да го правиш ова
. За да не изгубиш „ред“ кои типки си ги поминал со масло а кои не, ќе вбризгуваш масло по редови или колони, од лево на десно или од долу нагоре (или обратно, како сакаш). Кога ќе ги поминеш сите типки, уште еднаш разработи ги сите, со рака, сите наеднаш стискај ги и вид дали некоја заглавува
. Ако заглавува, додај и уште малку масло, само не претерувај, тастаура не е мотор со внатрешно согорување
.
Ја оставаш тастатурата така да седи некое време (во легната позизија, во позицијата во која го поставуваше моторното масло), едно 2 или 3 часа доволно би биле, за да може уште поубаво да се распредели маслото околу типките. Потоа, ги враќаш назад деловите по редоследот по кој си ги извадил (контактна фолија, електроника, кабли, лежишта, заден панел, штрафчиња), ја приклучуваш на PC и се молиш да работи
.
Колку што успеав да видам, мислам дека CTRL контактот е уништен, но другите (F1, F2, итн.), не се, така да, барем останатите би требало да работат
.