Гледам темава е доста популарна, па решив да се вклучам и јас. Еве малку помош и од мене (дизајнирана шема и практична изработка од моја страна) и неколку совети (можеби некои од нив ќе се повторат со претходни учесници).
Со оваа проблематика се сретнав пред околу 2 години од човек кој имаше монтирано таква ќелија на бензински мотор и тврдеше дека има заштеда на гориво и до 40%. Тоа ми беше многу необично бидејќи вложената моќност му беше околу 250 вати, а според заштедата испаѓа дека добива механичка моќност некаде преку 10 киловати!!! Најпрво треба сите да заборавите на поимот "Over Unity", затоа што такво нешто не постои! Иако некогаш може да изгледа дека се добива повеќе од вложеното, но не е така, мора да има дополнителна енергија која можеби не знаеме каде е и од каде доаѓа. Испаѓа дека создаваме енергија!!! НЕ.
Трикот е во тоа што моторите со внатрешно согорување се со прилично мал коефициент на искористување на енергијата од горивото (бензинските до околу 30%, дизелот 50-60%) и со додавање на тој гас од ќелијата, а не е ништо друго туку смеса од водород и кислород, всушност покрај водородот додаваме и повеќе кислород. Се зголемува експлозивноста на вкупната смеса и веројатно се забрзува согорувањето на течното гориво и од таму имаме дополнителна енергија. Но, не сме ја создале туку само сме направиле да се претвори во, за нас, корисна енергија. Тука е секако и водородот кој ќе ослободи толку колку што е утврдено со физички експерименти. Но, секогаш има и контра ефекти. Со таквото согорување се оштетува моторот што не може да се открие многу брзо. Друга работа е што многу тешко ќе го нагодите моторот да работи оптимално со таква модификација на горивото (имаше забелешки и од други на форумот околу тоа). Истиот човек што возеше наводно на “водород“ за неколку месеци си ја расипа колата. По некое време и од друг слушнав дека практично го уништил моторот и на клиповите имал такво оштетување што механичарите се чуделе!
Што се однесува за случајот на Стенли Мејер, најпрво си реков: Браво. човекот нашол начин како да ја распадне водата на составните елементи поефикасно. Со висок пулсирачки напон и мала струја. Но, висок напон и мала струја пак може да даде голема моќност. Едно е да се одвојат електрони, а друго да се одвојат атоми од молекулите. Ако неговото тврдење е точно тогаш ќе треба да се срушат многу работи во физиката. Се знае колку енергија е потребна да се расцепи молекулата на водата и толку е јас мислам. А тоа што ќе се добие при согорувањето на водородот е помалку. Впрочем водата е резултат на согорување на водород при создавањето на нашиот сончев систем, таа е отпад на тоа согорување исто како што се издувноте гасови од возилата. Замислете сега да ставите некоја проста електроника и од нив (со малку енергија) да го добиете назад течното гориво што сте го наточиле во резервоарот!!! Малку смешно нели? Повеќе за овој случај во друга прилика или ако е заинтересиран некој за дискусија може да ме контактира.
Бесплатна енергија имаме достапна во огромни количини (Тесла го рекол тоа и јас ќе го кажам), но јасно е дека има такви расипани луѓе што нема да дозволат да се користи бидејќи ќе нема да можат да се богатат и ни прават илузии дека таа треба да е луксуз! Најголемиот проблем, ако е проблем, е како да се искористи на начин што ќе ни врши работа. Ќе се сложите има многу начини, но пак ќе повторам, се прави илузија дека не може или дека е скапо! Можеби ќе сакаат да наплаќаат и влез во море еден ден или да мерат колку воздух трошиме ние и колку CO2 испуштаме, кога нема да остане што друго да ни се наплаќа.
На крај, за мојата шема, за тие што сепак ќе се решат да експериментираат со водород на возилата.
Основен дел е познатото NE555, но малку модифицирано. Шемата е класичен извор на PWM сигнал со фиксна фреквенција. Таа на шемата би била околу 50 Hz, а може да се менува со кондензаторот C4 (со 22 nF се добива околу 100 Hz). Факторот на исполнетост (duty cycle) се менува во граници од околу 10% до околу 90%. Сум чул дека оптимално е околу 80 Hz. Ако веќе ја имате утврдено лесно може да се промени на саканата со C4 и не би требало да има потреба да ја менувате. Модификацијата е кај делот за ресет на NE555. Со R2, R3 и C3 се додава доцнење за да не тргне веднаш осцилаторот (со тие вредности е околу 2 сек, а ако сака некој подолго може да се зголеми со C3, на пример со 100uF). Потоа следува малку подолг интервал со “полна пареа“ и почнува нормално да работи. За да биде појасно на сликата вметнав и графици за тоа како изгледа напонот на ќелијата за две произволни позиции на потенциометарот (лево) и за тоа како стартува колото по донесување на напојувањето (десно). Излезнито степен е со два мосфета врзани паралелно за посигурна работа. Препорачувам да се стават на поголем ладилник, на пример првоаголен од Пентиум 4 или сличен. Пожелно е да бидат изолирани од него за секој случај. Ако не се, мора да се осигурате да не се допре на плусот (веднаш ќе изгорат мосфетите), а ако се допре на минусот ќе биде како да е вклучен уредот за водород цело време. Ако имате посебен прекинувач за електрониката што можеби е и подобро тогаш делот со доцнење може да се изостави (се трга C3, а R2 се кусоврзува). Во pdf го имате изгледот на плочката и монтажната шема. Некои вредности на монтажната може да се разликуваат, земете ги тие од електричната шема. Ќелијата да оди преку осигурувач од 25А.
Пред да го пуштите со водородна ќелија регулацијата може да ја тестирате со светилка (12V/21(55)W) поставена на местото на ќелијата.
Среќно!