Батка Данчо и тебе да ти одговорам- прво,ова е Форум! Ако има нешто повеке демократско од ова ......!?!?! Не знам што те погодува,ама ние дискутираме.Нема тука политика,туку само идеи.Јас го изнесувам своето- Гига Ват ,на пример- своето!Не можам и не смеам да му се лутам ако не се сложува во се со мене! Не му бранам никому да развива П/М или да бара бесплатна енергија.Јас коментирам работи поврзани економски со П/М ,мотори на водород и слично.Ако некој мисли дека не треба да даваме негативни или барем резервирани коментари,туку само да фалиме (или критикуваме )некого,тогаш дошол на погрешно место.Јас секогаш се борам против заблуди.Велиш- * Има многу други извори на енергија кои се бесплатни, така да, некако не гледам поента да го загрозуваш овој ресурс од кој сите живееме.* Јас пак сметам дека изворите на енергија во светот секнуваат,Велат дека 21-век ке помине во војни кои ке се водат за вода.Големите конгломерати ке најдат начин да ја собираат водата од атмосферата и да ти ја продаваат. Пред неколку децении се чудевме кога ке речеше некој - во Америка водата се купува во флаши!! Како може тоа,велевме??? Па вода има толку многу,од Вардар вода пиевме.А,сега,каде сме ? Кожувчанка,Добра вода,Пелистерка.... Македонија нема многу ресурси,не сме богати колку што мислиме. А слободната,алтернативната,фри-енергијата воопшто не е бесплатна- три месеци возев и експериментирав со HHO ќелија ( која нити е бесплатна,нити ефикасна,нити нешто штеди!) и слободно можам да речам дека сеуште тоа е само една замисла која може да се разгледува,да се унапредува,ама не аматерски и во самоградба ( најмалку!),туку се потребни посебни матераијали,конструкции и технологија,која очигледно е уште многу далеку и недостапна за нас.Тоа е дефинитивно моето мислење за темава, а кој сака може и понатаму да развива што сака.