е кој ги разбира подобро работиве, може да ми каже која улога ја има фрекфенцијата на напојувањето? ако нема никаква улога зошто би с еправело пмв, ако е само за струја може и со обичен регулатор на струја и напон... дути циклусот епромена на односот импулс-пауза? ако има поголема пауза би требало да се намали количината на гас...
Не ми се верува дека фреквенцијата има којзнае каква улога во овие шеми, а со PWM се прави регулацијата затоа што овој начин е далеку поефикасен=помалку загревање на транзисторот, помал ладилник и сл.
За 30 ампера да се регулираат со класичен (линеарен) регулатор ти треба огромен ладилник и најмалку 5 транзистори во паралела и пак ефикасноста ќе биде околу 50 % максимум, значи половина од енергијата ќе се троши на загревање на ладилникот.
Не се сеќавам добро, ама мислам дека количината на продуктите кои се ослободуваат од електролиза за одредено време зависи исклучиво само од јачината на струјата која протекува низ ќелијата . Исто така електролиза по дефиниција се прави само со еднонасочна струја, а пвм може да се смета за пулсирачка еднонасочна струја.