Еве ти шема за пулс генератор со NE 555.
Наместо да ја трупаш шемата со беспотребни кондензатори може да го искористиш само С3 како референтен, а за контрола на фреквенција ќе го користиш потенциометарот.
Малку грубо во паинт ја модифицирав шемата, али работи, испробана ми е.
На излезот после диодата може да поврзеш Гејт на еден од мосфетите кои веќе ги имаш од претходната шема (Сорс на маса, Дрејн преку потрошувач на + ) или некој друг соодветен на нив кој крепи големи струи.
Иначе мора да биде пулсирачки напон, за да не ти го шмукне акумулаторот.
Јас сериозно размислувам за додавање на уште еден алтернатор, кој ќе се вклучува после палењето на моторот и ќе биде само за ХХО напојување.
Види па кажи