Користењето на енергијата пред се изискува големи издатоци за колектори,акумулација,пренос итд.
Како што пишав, енергијата е бесплатна и еколошка. Тоа не значи дека и нејзиното искористување и конверзија во (за нас) корисна енергија е бесплатно, како и транспортот.
Чисто како за пример, јагленот не е бесплатен, без разлика дали го користите за правење на скара или за турбини на термо-централа
.
Поентата само ми беше дека енергијата сама по себе е бесплатна
. Ништо друго освен тоа
. Што повторно значи дека барем дел од цената е намалена (ако не повеќе, цената не енергенсот е тргната од равенката за вкупните трошоци
).
Ама,ако влезеш во ЕУ - следува забрана и ти удираат порез и на тоа! Е,ако почнеме сите да си правиме бесплатни уреди за користење на бесплатна енергија ,ке најде начин државата како со данок или други давачки да направи профит на енергијата што ја користиш.Затоа велам - нема бесплатна енергија,никоја држава тоа нема да го дозволи Дури и *малиот* профит од бесплатната енергија е голем профит ако се распредели на број на корисници.И друга финта - и малиот профит мора да расте,тоа е закон на капитализмот.Значи,има евтина,ама бесплатна енергија -не!
За тоа дали ќе најде начин да ми го наплати тоа мене државата или не, тоа е друг муабет. Тоа е сосема трета работа. Ако има доволно луѓе кои микрогенерираат енергија на овој начин, сигурен сум дека ќе има отпор према вакви такси со објаснување „која е државата мене да ми наплатува за енергија која јас сам си ја користам и произведувам, ниту ја продавам, ниту правам било каков профит од неа, баш напротив, јас сум фрлил пари за да го направам овој систем“. Прашање е само дали ќе има критична маса на луѓе кои ќе користат вакви системи и дали ќе се организираат, само тоа, но ако се организираат (а тоа сигурно ќе се случи, тоа е својствено за секое човечко суштество, секоја поголема маса на луѓе со слични или исти интереси, се организираат во здруженија, oрганизации, што и да е), прашање е само на време кога државата (или државите) ќе попуштат. Ќе мораат, со цел да се задржи социјалниот мир кој и онака е веќе многу разнишан (не само кај нас, низ целиот свет, со разни апсурдни давачки и такси кои луѓето мораат да ги плаќаат само за да може да живеат и да функционираат во систем кој и онака не им нуди никаква емоцинална, духовна и интелектуална сатисфакција, работат само колку да живеат и да преживеат и купуваат еден куп непотребни работи кои се повторно производ на тој систем... се повеќе луѓе го согледуваат овој проблем и се поголем број на луѓе се против овој систем и начинот на кој се управува: се поголемо богатење на богатите, осиромашување на обичните работници и секој кој не припаѓа на класата на богати на секое поле, физички, емоционално, интелектуално). Како што реков, прашање е само на време, дали во правилен момент и време ќе организираат луѓето. А со се поголемиот број на луѓе кои се незадоволни од овој систем, на крајот ќе остане многу мал број на луѓе кои ќе ги подржуваат одлуките на владите, корпорациите, министерствата, што и да е. И со цел да си ги задржат нивните позиции сите кои се на власт, ќе мора да се донесе некое решение кои ќе ги задоволува правата на народот. На оние кои се на власт им е јасно дека не може вечно да притискаат, кога-тогаш, ќе мораат да попуштат ако не сакаат да дојде до граѓанска непослушност или нешто слично.