дали си побарал по продавниците во Скопје ? што се нуди кај нас? И јас сум заинтересиран !
Има во BT Електроник во Скопје и во Алфа Електрониик во Битола, околу 3000 денари се оние што се без термопар, околу 6000 или 7000 денари се оние што се со термопар и имаат додатна лемна станица (обична, леткум со температурна регулација). Кинески копии се на Јапонските Hakko SMD Rework Stations, може да се начекаат по различни имња, Lucky, Lion, Golden Lion, и некои други имиња, кај нас има за нив врвови, се продаваат, online тешко дека ќе најдете делови за нив :S. Околу 500 денари им е нова рачка за нив, доколку ви изгори греач, се продаваат и само греачи, но само за лемните станици без термопар (околу 300 денари е нов греач), за оние со термопар има цели рачки. Јас имам Кинеска, морам да признаам дека изведбата е одлична за Кинески производ, до сега ми има прегорено само греач, го сменив, како нова си работи
.