треба шеми да се бараат во побарувања, ама ако некој има шема и ја постави таму, тогаш тоа побарување треба да се смета за исполнето и да се премести во соодветниот подфорум со сменето име...или пак да се отвори нова тема во подфорумот кај што треба да се наоѓа таа шема и со линк да е поставена во побарувањето....ме свати некој што сакам да кажам?
Јас барем сватив, добра е идејата, но тоа значи премногу работа, тоа значи преместување на topic-и, делење на post-ви, нивно преименување. Не верувам дека ќе сака некој да се нафати да го прави тоа (јас барем не), бидејќи тоа ќе биде како full time job да имаш. Треба барем едно 10-тина пати дневно да се log-ираме на форумот само за да преместуваме и средуваме topic-и, а да не зборуваме за сите останати работи кои го имаме во врска со форумот.
Идејата како идеја е добра (мене барем ми се допаѓа), но од финансиски, временски и многу други фактори, во моментов, неизводлива.
Затоа си постојат повеќе теми и кој што го интересира, дали да побара или понуди најдобро е во соодветната тема да си пише.
Проблемот е во бројот на побарувања, само стиснете „Непрочитани“ еднаш дневно ако се логирате и видете го бројот на побарувањата, мене ми се има случувано да видам дека 80% од новонапишаните одговори да се побарувања за шеми. И на што ќе личи тој подфорум ако секоја втор topic е „ми треба шема за“. Никој нема да може да се снајде ако побара нешто. Дури и само да се смени името на topic-от, можеби во истиот topic ќе има различни поднудени решенија за конкретниот проблем, па автоматски, секаков вид на сортирање и преименување на topic-от „паѓа во вода“ :S. Тогаш треба да се поделуваат post-овите со шемите, секоја од нив да добива посебно име и секоја од нив да е како посебен topic, што едноставно е премногу работа, ова одзема барем 20-тина или 30-тина минути само за еден topic, од местото каде што треба да се подели темата, на колку ,места да се подели, што да се стави за наслов, на сите „исцепкани“ теми, итн.
Од тие причини, ова е неизводливо во моментов.
Иначе знам дека има копче „пребарај“,ама како и сите други ретко кој го користи,исто како да го нема на форумот...
Ние не сме виновни што ретко го користите копчето „Пребарај“, тоа си постои на форумот како опција, а дали вие го користите или не, тоа е веќе друга работа. Не може администрацијата да ви е виновна зошто некој не сака да ги користи сите можности на скриптата на форумот.
Еве отидете на некои од задните страници (10-20) и ќе видите дека претходно таму барале шеми,а не во побарувања...
Тоа така беше, да, но најверојатно повторно нема да се врати таа „политика“. Како што напоменав претходно, секој втор post беше со наслов „ми треба шема за“, а да не зборуваме дека и во тој случај, половина и повеќе од шемите кои се побаруваат веќе ги има во адекватните подсекции, само што за дел од членовите едноставно „премногу работа“ е да се побара во адекватните подсекции и да се разгледа малку низ форумот. Едноставно, поедноставно е да се напише „ми треба шема за“ и да се отвори цел topic за некоја работа која веќе ја има на форумот. И што сме добиле? Минимум две теми во кои се зборува за истата работа и ја има истата шема. И кај да поставуваат прашања останатите членови? Дали во едната, или во другата, или во третата тема? Кај и да постават, нема да згрешат, но форумот изгледа тотално несреден.
Едно од можните решенија е спојување на тиа теми „сите во една“, што понекогаш и го правиме, но се губи „логичниот тек на муабетот“ во темата, изгледа како се преприпнува од една работа на друга, а да не зборувам за фактот дека ќе изгледа како некој да побарал шема за уред за кој се зборува во самиот topic, нема никаква логика тоа :S.