Прашање:
Ова е интересно, ако на пример користиме канал од 5KHz тогаш која модулација би била најдобра за да се постигне најголем домет?
Ако може да ми кажеш која од аналогните модулации и дали и кај дигиталните модулации има разлики во дометот? ако на пример ако се работи за 144MHz дали би имало разликата во дијаграмот на зрачење (покривање) и према тебе која поларизација е подобра за земско емитување?
Е и ова ме интересира, зошто кај повекето пресметки на антени се пресметува 1/4 од должината на сигналот а поретко 1/2 од должината?
Одговор:
Најголем домет со 5КHz ширина на опсег можеш да добиеш со uSSB (Upper Single Side Band) која можеш да ја добиеш само со професионалните радио аматерски примопредаватели и многу тешко во сопствен дизајн (поради сложеноста на филтрите).
Инаку најголем домет се разбира дека се добива без модулација (морзеова азбука) бидејќи теоретски ширината на каналот при трансфер од (на пример) 60 знака во минута е 2Hz и лимитирачкиот фактор на дометот е нивото на шум на појачалата а доколку имате појачала со суперпроводници (наса) лимитирачкиот фактор е нивото на природен шум во просторот.
Иначе спомнуваш дигитални и аналогни модулации, всушност битна е ширината на каналот што ја зазема дадена модулациона шема а не што се случува (сигнално) во тој опсег.
Најдобра поларизација за земско зрачење е вертикалната поларизација (диполот се простира горе-долу) заради рамната карактеристика на зрачење во рамнината паралелна со површината. Е, сега некој одма ќе примети дека антените за прва програма (порано) беа хоризонтални, тоа беше така за да се избегне мешање на повеќе сигнали од повеќе телевизии и таканаречени „дупли слики“ добиени од одбивање на сигналите (бидејки легнати така антените примаа само напред-назад а и не од страните).
Прашуваш и зошто почесто се користи 1/4 дипол а помалку 1/2. Па види, се работи за практичност. 1/4 дипол е само 0.707 пати полош од 1/2 дипол што ако се земе дека е дупло пократок се исплати. Иначе се разбира дека ако некој има повеќе место да става антени би ставил 1/2 (полубранов) дипол при што должината (на двата крака заедно) просто може да му се пресмета отприлика вака:
L (m) = 142,65 / f (MHz)