Треба рачно да се преправа скриптата за тоа, претходно е зборувано на оваа тема, моментално тоа не е можно. Прво, поради тоа што тоа значи многу потрошено време во кодирање, преправање, тестирање, итн. Второ, тоа значи платена скрипта (оваа е бесплатна), а тоа чини пари.
Само сакам уште да напоменам дека ги имаме на ум сите забелешки од страна на членовите, но повеќето од нив се комплицирани преправки и бараат тестирање и рачно преправање на постоечката скрипта, па поради тоа, во моментов не се можни. Голем дел од администрацијата има и приватни обвркси (факултет, работа, фамилија...), така да, најчесто времето посветено на форумот се сведува на проверување на напишани post-ови и одговори на прашања или евентуално поставување на прашања.
Се надевам дека членовите ќе разберат.