Проработе и со лм350(фала ЛордЗи за лм 317), сеа уште некое прашање дали мора да го има осигурувачот?Бидејќи некој спомна дека ЛМ има интерна заштита со диода.
Осигурувачот е повеќе заштита за трансформаторот (ако се става пред примарот на трансформаторот) отколку за LM350
. Така да, тоа и не е толку голем проблем
. Мери колкава струја влече на примар од трансформаторот при големо оптеретување на LM350 (притоа, амперметарот ти е поставен на подрачје за мерење на наизменични струи
) и и стави осигурувач со двојно или тројно поголема вредност од измерената
.
Исто сакам да си нарачам волтметарче од интернет да го вградам нема да биде проблем да го закачам и него на грецот?
Тие што ги има да се купат online мислам дека немаат проблем со напојување од истиот извор од кој се мерат
. Само што ќе треба да поставиш некој стабилизатор за напон (ако напонот на напојување е 5V, ќе ставиш 7805) и задолжително ќе ставиш ладилниче на него бидејќи ведноста од 32V е прилично блиску максималниот влезен напон на овие стабилизаторчиња (35V).
Дали лм350 треба да биде изолиран од ладилникот?Прашувам затоа што сакам да го прицврстам ладилникот за куќиштето
Да, куќиштето на LM350 е поврзно со Vout, така да, ќе мораш да ставиш лискунска подлошка за изолација и термо-паста за добра термичка проводност
.