Ставено и пак исто не мрда од 3волти погоре со потрошувач
Можно е потрошувачот да е премоќен, а таа јачина на струја да не може да ја даде LM317. Измери колкава јачина на струја протекува низ потрошувачот.
Можно е и трансформаторот да не го дава потребниот напон. Измери колкав е напонот после грецот и кондензаторот за пеглање (притоа, остатокот од колото не е поврзано). Ако е низок (4, 5V), извади ги и грецот и кондензаторот за пеглање (C1) и измери на наизменично подрачје на мултиметаорот колкав е излезниот напон од трансформаторот.
Можно е и да ти е некоја компонента грешно или обратно врзана. Провери го поларитетот на диодата и на сите кондензатори. Ако се ти изгледа дека е ОК, расклопи го уредот, измери ја секоја од компонентите (отпорниците, диодата, двата кондензатори), да не некоја од нив е случајно во краток спој. Кондензаторите лесно се проверуваат на beep-ер подрачје, се поставуваат меѓу изводите на мултиметарот и треба кратко да beep-не мултиметарот, колку е поголема капацитивноста, толку подолго трае beep-от. Диодата се проверува на diode test, во една насока треба да проведува, а во другата не. Отпорниците и потенциометарот ги мериш на омско подрачје на мултиметарот
.