Дали овој метод може да се користи ако трасформаторите не се идентични т.е. на секундарите не даваат исти напони и исти струи???
Да, но не е препорачливо. И вака не е препорачливо бидејќи два идентични трансформатори никаде нема да најдеш. Едни од други се разликуваат, дури и за малку да е, се разликуваат, така да, едниот секогаш ќе грее повеќе од другиот, дури и да се исти, и тоа при не толку големи струи, а ако повлече потрошувачот повеќе струја, може да се случи едниот да не може да даде толку струја, па да паѓа напонот и да „го храни“ другиот трансформатор првиот и да компензира за него :S. Затоа не е препорачливо. А доколку се два различни трансформатори со различни напони и струи на секундарите, воопшто не се препорачува да се врзуваат, едниот секогаш ќе грее повеќе од другиот, а доколку колото е дизајнирано да повлекува струја колку што може да даде најјакиот од двата, на едниот цело време ќе му паѓа напонот :S.