И, конечно, еве го најмалото стабилзирано напојување на стветот
. Се зезам, не знам дали е најмало, но дефинитивно е многу мало
.
Може да ви послужи понекогаш кога имате потреба да напојувате мал потрошувач, на пример некој микроконтролер или некое логичко коло, при брзо испитување на исправноста на некои дигитални уреди, итн. Правен е според шемата од оваа тема (иако сите се слични едни на други, но некако оваа ми беше наједноставна и најпрактична
). Како и да е, доста е практично ако често имате вакви уреди за испитување, а ве мрзи да го симнувате од рафтовите големиот стабилизиран извор за напојување (или едноставно немате друг извор за напојување
, а можеби имате, но ви треба некој малку потраснпортен
, за шетање од соба во соба или за носење на некоја друга локација
).
Значи, напонот кој може да го даде на излез овој стабилизиран извор за напојување варира од 1.2V до 16.3V, максималната струја која може да ја даде е 300mA, што е повеќе од доволно за огромен број на наисконапонски апликации
. Целиот уред е склопуван „во воздух“ (нема плочка) поради лимитираниот простор кој го има во внатрешноста на кутијата. Инаку, целиот стабилизатор (барем повеќето големи делови, како на пример трансформаторот и кондензаторот за пеглање на напонот
) е всушност стар полнач од Motorola мобилен телефон, но не е од „лесните“ (оние што ги викаат travel полначи), туку е од старите, од оние „тешките“ (кои имаат класично напојување во нив, трансформатор со стабилзизатор).
Се што вие потребно за да го направите овој стабилизиран извор за напојување е:
1) Стар почнач од мобилен телефон, од „тешките“, оние со трансформатор во нив.
2) Потенциометар, диоди, жици, LM317 и останатите компоненти кои се дадени во шемата на првата страна
.
3) Од оригиналната шема има само една промена, додадена само уште една работа, на излезот до стабилизираниот извор за напојување е додадена и една LED диода во серија со отпорник од 1K. На овој начин, имате многу оскудна, но сепак корисна индикација колкав е подесениот напон на стабилизаторот
. Во принцип, инцикацијата е покорисна за да установите дали подесениот напон паѓа кога ќе приклучите некој уред за стабилизираниот извор за напојување, што би индицирало дека на уредот му е потебна поголема струја за да може исправно да се напојува, или дека нешто не е во ред со уредот, па повлекува повеќе струја, со што напонот паѓа. Како и да е, инцикацијата е многу корисна и моментална (доколку почне послабо да свети диодата од нивото на кое светела кога сте го наместиле стабилизираниот озввор за напојување да работи во „празен од“, значи дека напонот паднал :S), а за колку паднал напонот, тоа може лесно да се установи со врзување на волтметар паралено на изворот за напојување
.
Максималниот напон кој може да го даде стаилизираниот извор за напојување зависи од максималниот напон кој ќе го има на влез LM317, односно максималниот исправен напон кој може да го даде на излезот трансформаторчето од полначот. Во мојот случај, трансформаторчето имаше излезен напон од 12V~, од каде и се добива значително повисокиот еднонасочен напон од околу 16V
. Доколку вашето трансформаторче има помал излезен напон (на пример 9V~), и максималниот излезен напон на стабилизираниот извор за напојување ќе има помала вредност
(за излезен напон од 9V~, би требало да добиете максимум 11V еднонасочен стабилизран напон, минималниот напон повторно останува 1.2V
).
Во принцип, тоа е се. Би напоменал само уште една работа. Гледајте ако можете да најдете полначи од Motorola, повеќето полначи за мобилни телефони имаат само една намотка која на секундарната намотка дава напон од околу 9V, но на Motorola полначите (барем за евтините телефончиња, за поскапите не знам) дваат симетричен напон од околу 2 X 6V~ = 12V~, со што ќе можете да добиете релативно повисок максимален излезен напон
(некаде околу 16V). Исто така, на Motorola полначите можат да дадат најмногу струја, најтешки им се трансформаторчињата, исте останати полчни што ги имам отворено имаат многу помали трансформаторчиња, иако се декларирани дека даваат повеќе струја од тие на Motorola (На Motorola полначите се декларирани дека даваат максимална струја од 300mA, што според некои мерења што ги направив е реална вредност, а сите на сите останати полначи вредностите за максималната струја која може да ја дадат на излез трансфоматорчињата е бааги „напумпана“, зошто, не знам :S).