Изгледа дека колку е повисока фрекфрнцијата толку уредот е посложен, па дури и невозможен за изработка во аматерски услои. Незнам дали некој од вас го фати времето кога се пуштаа некои игрици прелу радио, кои се снимаа на ленти за музика, а истите се исчитуваа од уред сличен на касетофон поврзан со компјутер. Додека се пушташе играта на приемникот се слушаа црцорења и разни звуци, налик на тие од модемите. е сега тука проблемт беше што за неколку килобајт потребни беа неколку десетици минути, значи линкот е доста спор и еднонасочен....
Друга работа, до колку метри може да се воспостави комуникација меѓу 2 компјутери, со помош на стандарден етернет, и дали може да се направи појачалце за зголемување на снагата на сигналот. Би требало да е некое високофрекфентно појачалце по некоја логика за линк од 100мгб/с би требале 4 појачалца кои би работеле на 50-60 мегахерци за одвивање на сообраќајот во двете насоки, според мое размислување.