Одамна во САМ имаше две верзии на ветерници.Го имавме направено оној вториот тип со федери на носачите кои ја укосуваа конструкцијата на хоризонталниот носач ако задува повеке
. Проблемот е во преносот на вртежите,прорачунувањето на преносот и најважното : треба да премотате некое динамо по дадените катактеристики ( од спачек мислам беше!) за да се зголеми ефикасноста,иначе не добивате голема искористивост!! Има и други проблеми околу склопот за полнење,кој сега со ова нова технологија може многу полесно да се направи !.Сепак,многу битен елемент е главниот верикален носач ,кој треба добро да се ленгериса,осигура со сајли,и да биде заземјен по сите прописи.Нашиот систем настрада кога гром удри во носашот и просто го стопи целиот систем ( не беше заземјен по пропис!!!).Иначе ветерницата работеше 3 години во најдобар ред на Тиквешкото езеро,а распонот на краците беше 1,2 метри.Краците беа дрвени,од бел бор ,импрегнирани и три пати лакирани!! Сепак со опаѓањето на цените на фото напонските келии полека предноста оди на нивна страна страна ,бидејки се далеку полесни за одржување.Гледајки на интернет најдов панели 12 В 1,2 вати за само 19,5 $, што е прифатлива цена за потребите ( 200 долари = 120 вати!).