Author Topic: ми треба помош околку рам меморија  (Read 1128 times)

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
значи на компјутерот има 2х256мб ддр 333мхз, дали сега ако му ставам 512мб 400мхз ќе има некој проблем да се рестартира да неможе да крене виндовсот ај некој со искуство
d.t

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Не треба да имаш никаков проблем, ама ако матичната не ти подржува 400 MHz меморија, џабе ти е меморија од 400 MHz, пак ќе работи на 333.

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
аха значи да немам гајле да правам  :)
d.t

Offline aleksandar94

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 74
  • Gender: Male
Прочитај во упатството за матичната плоча таму сигурно има податок, обично постарите компјутери примаа неколку вида на пример кај мене е ддр 400 ама прима и сдр но сепак зависи од модел до модел затоа прочитај си или побарај на интернет за матичната плоча.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Разликата во Мхз е понекогаш проблем и доаѓа до конфликт,па новата РАМ не сака да тргне.Ако имаш две различни мемории ( пример на 333 и  на 400 Мхз) работната фреквенција ке падне т.е. машината ке работи на помалата фреквенција.Прво стави ја новата фреквенција и исклучи го хардот.Биосот треба да стартува и да ги прикаже збирно двете мемории.Ако не се покренува воопшто компјутерот,проблем е во меморијата.Постојат повеке софтверски програми за тестирање на РАМ -от ( Мем-тест најчесто користам!) и не е на одмет да го провртиш понекогаш,онака, без некое правило.При секое вадење од лежиштето,постои можност од статички електрицитет,па при враќање може да не работи.Тогаш помага протривање во антистатички кеси  од матични и графички плочи

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
се испадна океј, немаше никакви сметњи и брзо си работеше  :) :)
d.t

Offline Dekimkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 21
Слободно си стави нема да имас никаков проблем  ;)