Денес завршив уште еден ESR-метар, овој ќе биде resident кај мене во работилница
, пред некое време начекав на бувљак одличен инструмент со поголеми димензии - 11х9cm - како створен за ESR-метар
, едина мана му беше осетливоста од 1mA за полна скала, додека според шемата треба инструмент со осетливост 50-100uA, значи десет пати помалце. Бидејќи не може да се зголеми напонот на напојување на целиот склоп (интегралецот работи на 5V), донесов повисок напон на колекторот од транзисторот и сега без проблем го тера и овој инструмент, единствено треба малце експериментирање со вредноста на отпорниците во колото на транзисторот и R17 (кој што јас не го ни ставив, само потенциометар 2к2). Исто и транзисторот е пожелно да има поголемо засилување, јас ставив оригинален BC109C производство на ST кој имаше засилување над 900.
Значи, за сите што имаат понеосетливи инструменти и сакаат да ги искористат за ESR-метар, изгледот на модифицираната ППК е закачен најдоле, како и ППК од напојувањето за него.