Па тоа ми беше и мене поентата. Не гледам поента да имаш дома скап музички систем за репродукција (се разбира, чест на исклучоци, за фановите на класиката, џезот и блузот, иако чосто се сомневам дека и они дома слушаат само класика, џез и блуз, но ајде, да претпоставиме дека само тоа слушаат, така да за нив би оправдал користење на релативно скапа опрема), кога и онака повеќето од мастеруваните снимки се (буквално) garbage од аспект на мастеринг :S. Само отворете оригинална копија од single-от на Rihanna (сега ми текна како се вика
, Only Girl
), во некаков wave едитор (Cool Edit, Sound Forge, што и да е), само гледате еден куп клипинг, целиот монитор е зелен/син/црн (зависи каков wave едитор сте искористиле
) и тоа е се толку напумпано, тоа е чудо едно :S. И замислете, ова се принта на оригинал CD-иња и се продава како „мастерувана снимка“
. Исвинете, ама тоа не е мастеринг, таков мастеринг може секој да направи во рок од 15 минути
. Ова беше само последен пример кој го имам видено, па најсвеж во меморија ми е, инаку вакви примери има скоро на секое CD кое е издадено во последниве 10-тина години :S (за жал :S).
И која е поентата да купам скап систем за репродукција кога мене снимаката ми е уништена уште „во старт“, во студиото во кое се снимала :S? Според мене, нема поента, само ќе звучи лошо, лошиот мастеринг уште толку повеќе ќе се истакне благодарение на квалитетната опрема, и јас само ќе „ги мачам“ ушите со исклипуван продукт
. Не знам... некој нека ми каже дали има поента да се купува скап систем за репродукција (освен ако тој кој ја купува е мазохист
). Доколку би ги имал на располагање немастеруваните снимки, ајде де, ќе си ги подесам да ми звучат како што сакам јас, и тој „продукт“ ќе звучи релативно добро на скапа опрема за репродукција
. Но, за жал, никој од нас ги нема (се чуваат длабоко во архивите на музиката куќа, по еден куп правила и регулативи за авторски права
, како и пополнети барања за тужби за секој кој ќе ги прекрши
), па поради тоа, не гледам поента да имам скап систем за репродукција.
Чисто како мисла за крај, зар навистина мислите дека мастерингот на конкретниот пример (single-от на Rihanna) е правен во екстремно скапо студио
, I don't think so
. А и да е, не мислам дека е потрошено повеќе од 15 минути на мастерингот, така да, тоа е тоа, se la vi
. Од овој аспект на гледање на работите, мислам дека станува јасно зошто нема поента да се купува скапа опрема за репродуцкија, кога секој кој има екстерна аудио картица и PC може да направи мастеринг на снимка во денешно време
.