Ништо не си поправил,батка или не знаеш ни да поправиш.
Кога веке си бараш еве – не се вели ЧАК се вели ДУРИ , нити пак ЕКСТРЕМНО СНАЖНИ – можеш да речеш МНОГУ ЈАКИ,не се вели ОСИМ туку освен...
Да те лекторирам ли уште?
?
Компресионата кутија не смее 100% да се исполни со апсорпцион материјал! Добиваш ТАПА звучник.Исто важи и за ТЛ кутијата - ако ја наполниш до горе добиваш ЗАТНАТА цевка.
Докажана добра комбинација била 25 мм високотонец и 16-20 см бас?
По ова теорија значи 12 и 15 инчи не се добри за звучници?
Не покушавајте да правите и прорачунате пасивни свртници ,тоа не било за аматери...
- а што е за аматери??? Се готово да си купат?
Баталете рачунање на растојание меѓу звучници,ставете ги поблизу еден до друг... Еден човек на ова се прекрсти со коментар - свашта!
Сите луѓе со НОРМАЛЕН слух исто слушале музика! Секој човек различито слуша и ја ДОЖИВУВА музиката.Не постојат двајца луѓе што имаат ИСТА слушна карактеристика.Може би на 1 милион ке се најдат двајца...А како секој човек ја доживува музиката,е тоа е друго прашање поврзано за увото.
За она Qts добро си пишал - Q фактор на звучник за некоја фреквенција
Во исправките што мене ми ги прати ,нешто друго си запишал!Види.
А тоа дека басот ке свири исто во три различити типа на кутии,тоа е дискутабилно,исто како и тезата дека само ке биде само различита f3 за 3 дб .Јас велам дека нема да биде исто,бидејки во секој различен тип на кутија звучникот ке има различна ефикасност и на иста јачина на сигналот нема да дава иста музика!
И не се слагам дека ТЛ кутијата има само една преграда !! Веројатно само со една си видел и не се слагам дека само најефтините басови се добри за ТЛ?!..
И најдобро - немало потреба од внатрешни допунски(!) вкрутувања... Абе 2/3 и фабрички и аматерски конструкции имаат вкрутувања! Не за бадијата.
Најлесно било ТЛ кутија да се направи.Мајстор Крсто ми вели -* убеди го човекот да не правиме ТЛ кутија,нервоза ме фаќа, треба уште две -три стеги и двајца помошници,а башка треба да се отепаш од пазење,цртање и рачунање.Се е добро на хартија,ама кога пила ке заигра не е се така розово..*
Имаш поздрав и од него,ако си наминел во Велес да го побараш,тој да ти одржи едно предавање за звучни кутии.Бесплатно.
Значи,заклучок премногу се исфали,ама да знаеш дека се си има свое,Многу е лесно да критикуваш.