Абе МАки,сега јас те *начекав*
Велиш: Не ни покушавајте сами да прорачунате и направите пасивни скретници, тоа се прави само со мерења и софтвер и е прекомплицирано за аматери.
Не е батка така, ако не направиш сам ,за свое уво,како ке научиш нешто?Нови да купуваш??
А од каде ке знаеш што да купиш? Свртница се прави и пресметува!Има мал милион програми за тоа.Мислиш дека бадијала некој се мачел за тоа? Не е така.Проблемот е да ја прилагодиш свртницата за СВОЕТО уво,а не некој да ти каже КАКО треба да слушаш!
Велиш :Практично правило: баталете рачунање растојание меѓу звучниците и само поставете ги блиску еден до друг!
Очигледно си прочитал една -две статии,ама не е така.Постои една теорија на точкести извори на звук,побарај и прочитај!Потоа како за размислување - тогаш зошто се изработуваат кутии со фазно поместување и повеке рамнини на звучните извори??
Велиш:Едно е јасно: сите луѓе со нормален слух потпуно исто ја слушаат музиката, па затоа од секој звучник се тражи едно те исто:
Не е точно! Прво провери се на лекар кои и до која горна и долна граница го СЛУШАШ звукот! Не е точно дека сите исто слушаме!!! Тоа е скроз погрешно!!! Тоа што јас можам да го слушнам веројатно некој друг не може.Дури има и една теорија дека сите имаме по некоја дупка,*џеб* во слухот,некоја резонантна фреквенција која го намалува одредениот спектар што го слушаме.
Велиш:За да се направи стварно добра звучна кутија обавезно мора да се знаат Thiele-Small (ТС)параметрите на бас звучникот!
Во аматерски услови ,со аматерски изработки не се постигнуваат врвни резултати!! Кој тоа го вели лаже,можеби најмногу себе си! За да се направи врвна(велам навистина ВРВНА!) зв.кутија треба да се поседуваат инструменти(не само КЛИО и слични програмчиња) ,ами навистина треба лабораторија!! Тоа отпаѓа за обичните смртници како нас!
Велиш:Ако имате ефтин бас звучник со непознати ТС параметри, онда најдобар избор за звучна кутија со најсигурни резултати е ТЛ кутијата!
Со ова не се слагам,дури знам и од каде си го препишал!!
Кај нас има само евтини басови,со непознати ТС параметри ( повекето се такви!), па сепак не би се усудил да направам со секој од нив ТЛ кутии!!Овој последен дел за ТЛ кутиите ти е премногу општо напишан,има мнооогу да се зборува за нив и освен неколкумина вистински мајстори се е друго експериментално направено! Звучникот прво треба да се слушне,па да се прави со него нешто.Дури и во картонска кутија ,ако треба. Да,не се смејте,има еден Дејв Рот кој има дадено убава теорија (и успешна) како во картонска кутија да испробате каква кутија му треба на звучникот!Друг пат за тоа.
За формуливе не коментирам,не се твоја * измишљотина*,само на крај,најдобронамерно:
Никој од нас не измислил * дупка во вода* па ниту ти!
Убаво што си се потрудил,го поздравувам секој напор за допринос во Македонската музичка и звучна култура.Добро е да има повеке вакви написи,иако се критикуваме( не злонамерно!), сепак на оние што читаат е да видат,оценат и на крај пробаат нешто да направат!
Споено мислење: 29.04.2011, Friday, 15:24:25
Да дополнам,да не испаднам само критизер - сите поставени теории *за* и *против* во текстов се мислам солидно објаснети во само една книга на David B.Weems * Designing,Building and Testing your own speaker system* (with projects) ,издадена со голема подршка на IBM во 1990 г. во САД .Јас го имам оригиналното 3-то издание,а слушам дека стигнале до 7-мо издание.Книгата има 215 страници Б формат и е богато ислустрирана со слики нацрти,пресметки,а на крај е даден еден оригинален програм-листинг во С++ ,напишан од Robert Caudle ,IBM programe master. Правам напори да се договорам со авторот и направам на македонски едно преведено издание кое ке биде поразлично од се што досега сте читале за звучните кутии.